Поради свлечиште и голем одрон сообраќајот на А2 пред Миладиновци се пренасочува по една лента


На патниот правец А2 Свети Николе – Миладиновци на десет километри пред Миладиновци, поради свлечиште и голем одрон, сообраќајот е пренасочен само на една коловозна лента во должина од 150 метри, информираат од АМСМ. На самото место е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. АМСМ на учесниците во сообраќајот им препорачуваме внимателно возење.

Регистрирани се 435 нови случаи на Ковид-19, починаа девет лица


 Во изминатите 24 часа регистрирани 435 нови случаи на КОВИД-19, со што бројот на активни случаи изнесува 5.135, а оздравени се 534 пациенти и шест лица се починати, информираат од Министерството за здравство. Согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа, направени се 6.651 тестирање, а регистрирани се 435 нови случаи […]

Градоначалничката Арсовска го посети првороденото бебе во Скопје во 2022 година


Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска го посети првороденото бебе во Скопје во 2022 година, кое се роди по природен пат, на само минута по полноќ на Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство. За родилката Сузана Стошиќ, Михаил е четврто дете.  Арсовска ја посети и Симона Петровски, која на свет ја донесе Теодора, само една […]

Наредните денови не очекува топло време со утринска магла


Во следните денови ќе се задржи стабилно и релативно топло време со појава на утринска магла по одделни котлини, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Минималните температури ќе се движат од минус 3 до 5 степени, додека максималните ќе бидат во интервал од 9 до 16 степени. Во Скопје ќе преовладува сончево време со мала, […]

Филипче: Во Новата година родени три бебиња, од кои едно во Ковид-центарот


Првото бебе родено годинава е машко и е четврто во семејството на Сузана и Горан Стошиќ. Родено е во првата минута од новата година и тежи 3 килограми и 70 грама, долго 50 сантиметри, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче, кој информира и за другите настани за време на новогодишната прослава. Филипче потенцираше се […]

Санкционирани 143 возачи во Скопје, 48 под дејство на алкохол


На територија на град Скопје полицијата вчера изрекла вкупно 143 мерки, меѓу кои за возење под дејство на алкохол 48 санкции, 19 мерки за возење повеќе од дозволената брзина, 20 санкции за возење без возачка дозвола, информираат од Министерството за внатрешни работи. – Изречени се 11 мерки за непрописно паркирање, четири мерки за минување на […]

(Во живо) Филипче во посета на ГАК во Скопје


Министерот за здравство Венко Филипче денеска ќе ја посети Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје. Како што е најавено, по посетата министерот Филипче ќе даде изјава за медиумите.

За новогодишната ноќ во Токсикологија примени 17 пациенти, 7 се малолетни


Во текот на новогодишната ноќ на Универзитетската Клиника за токсикологија  Скопје се регистрирани 17 алкохолни интоксикации, од кои седум кај малолетници од 14 до 17 години, информираат за МИА, од ЈЗУ Универзитетска Клиника за Токсикологија – Скопје. Како што посочија од клиниката, 10 пациенти биле машки, а седум женски лица. По амбулантскиот третман ја напушиле […]

Замина година на избори, оставки, нови мнозинства, несреќи, но и спортски успеси


Оставката на Зоран Заев на премиерската функција и од лидерското место во СДСМ, локалните избори, гласањето доверба на Владата и неизвесноста околу парламентраното мнозинство, продолжувањето на бугарската блокада за ЕУ, пожарот во модуларната болница во Тетоово, автобуската несреќа на „Струма“, но и спортските успеси – првото учество на ЕП во фудбал и олимпиското теквондо сребро […]

Сончево со 18 степени во првиот ден од Новата година


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе има зголемување на облачноста, особено во североисточните делови. Ќе дува слаб до умерен, а попладне вдолж Повардарието засилен ветер од северен правец. Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната […]

Првото бебе во 2022 година е машко


Првото бебе во 2022 година на Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство во Скопје се роди во 00.01 часот. -Бебето е од машки пол, тешко е 3 килограми и 70 грама и е долго 50 сантиметри. Мајка на бебето е Сузана Стошиќ, родена 1981 година во Скопје и тоа е нејзино петто дете, информираат од […]

(Фото) Тешка сообраќајка вечерва на „Партизанска“


Вечерва во Скопје се случи тешка сообраќајна несреќа, објави Канал 5 телевизија. На булеварот „Партизански одреди“ се преврте Голф со скопски таблички, при судир со БМВ. Полицијата беше на самото место, а повеќе информации најавија по завршување на увидот. Не е познато дали има повредени во сообраќајката, а сообраќајот на булеварот се одвива по две […]

Намален бројот на склучени и на разведени бракови во земјава


Поради пандемијата на коронавирусот и со воведувањето на вонредните мерки за заштита и годинава во земјава се бележи намалување на бројот на склучените бракови. Но статистиката покажува и намалување на стапката на разводи. Склучувањето брак без правење веселба за некои граѓани не е прифатливо, за некои веселбата е небитна, а кај некои парови врз одлуката […]

Две третини од домаќинствата имаат автомобил, велосипед секое трето


Околу две третини од домаќинствата поседуваат патнички автомобил, додека велосипед околу една третина и мотор само 6,6 отсто. Телевизор во домот имаат 95 проценти од анкетираните домаќинства, персонален комјутер поврзан на интернет – 58,8 %, радио – 19 %, фотографски апарат – 12,7 %, музички уред – 11,8 %, а видеокамера – 2,6 проценти, покажува […]

Пролетно време по Нова година


Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе има зголемување на облачноста, особено во североисточните делови. Ќе дува слаб до умерен, а попладне вдолж Повардарието засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната од 12 до 18 степени. Во Скопје, сончево […]

Филип Пасху нов в.д. директор на ЈП Градски Паркинг Скопје


Филип Пасху е новиот в.д. директор на ЈП Градски Паркинг Скопје, соопшти Град Скопје.  Тој е магистер по економија, со долгогодишно работно искуство во управување со бројни проекти на УСАИД, ДФИД, ИПА фондовите на Европската Унија. Има искуство и од позицијата неизвршен директор на АД Енергетика Скопје, заменик директор на ЈП Градски Паркинг, како и […]

Бројот на заболени се покачи – 542 нови случаи на ковид


Новите инфекции  од корона висрус се сголемуваат на крајот од годината – во последните 24 часа се рагистрирани 542 позитивни случаи на Ковид-19, соопшти Министерството за здравство. Направени се 5.990 тестирања, што значи дека позитивни се 9 отсто од примероците. Зголемениот број тестирања е веројатно и поради тоа што на многу граѓани им е потребен […]

Зуди Енузи Кока нов в.д. директор на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје


Зуди Енузи Кока назначен за нов в.д. директор на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје. Тој е дипломиран правник, и докажан менаџер во деловниот свет, кој своите компетенции ќе ги стави во функција на успешно водење на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје.

И Бени Шаќири ќе пее за дочекот на Новата 2022 во Скопје


Град Скопје денеска ја објави програмата за вечерашниот пречек на Новата година на плоштадот Македонија. За разлика од првичната најава, сега во програмата го има и Бени Шаќири кој ќе настапи од 22:30 до 23:30 часот. Бени, односно Арбен Шакири, беше кандидат за градоначалник на Град Скопје, но во вториот круг продолжија само Данела Арсовска […]