Филипче: На Хематологија заврши инсталацијата и обуката за работа на новиот проточен цитометар


На Клиниката за хематологија заврши инсталацијата и обуката за работа на новиот проточен цитометар. Набавката на новиот апарат ќе ја унапреди и осовремени работата и ќе овозможи адекватно да се одговори на секојдневно зголемениот обем на работа, објави на својот фејсбук профил министерот за здравство Венко Филипче. Лабораторијата за имунолошки анализи на Клиниката, како што […]

Во следните два дена релативно топло, од четврток облачно со дожд, на планините снег


Во следните два дена ќе се задржи стабилно и релативно топло време, претпладне со значителна облачност и магла по одделни котлини и речни долини, соопшти Управата за хидрометеролошки работи. Утринските температури утре ќе се движат од минус 3 до 3 степени, а дневните од 8 до 17 степени. Во Скопје утре утринската температура ќе биде […]

Хаос во Куманово со јавниот превоз – сопствениците на фабриките ги возеа работниците


  Сопственици на фабрики и приватни фирми утринава ги превезуваа своите вработни на работните места затоа што Куманово остана без градски превоз, јави Kumanovonews. На првиот работен ден во новата година тие се организираа и ги возеа работниците од приградските и селски населби, бидејќи автобусите не сообраќаат на редовните линии. „Хаос е од изутрина во […]

ОЈО Скопје постапува по кривичните пријави на Боки -13, вели Јовески 


На Бојан Јовановски (Боки 13) во неколку наврати му е овозможено на записник во Основното јавно обвинителство Скопје да ги изложи обвинувањата за повеќе лица, да поднесе кривични пријави, вели државниот јавен обвинител Љубомир Јовески во интервју за МИА, во однос на писмото од Боки -13 во кое има серија обвинувања и напади за криење докази. […]

Интервју со Наташа Петровска: Кога велеа губиме – победувавме, кога велеа победуваме – губевме


  БИТОЛА – Донеодамнешната градоначалничка на Битола, Наташа Петровска, вели дека до ден-денес никој не ѝ објаснил зошто не била кандидирана за втор мандат на локалните избори. Во интервју за „Независен“ таа дава нејзино видување зошто СДСМ ги загуби изборите во Битола и што би требало да направи новата раководна структура во партијата. Таа вели […]

Без вода корисниците на дел од булеварите „12-та Македонска Бригада“ и „Србија“


Без вода денеска ќе бидат корисниците на дел од булевар „12-та Македонска Бригада“ и на дел од булеварот „Србија“. Прекинот во водоснабдувањето е поради уличен дефект ф-180 мм на булевар „12-та Македонска Бригада“ 22а. Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9 часот до завршување со санација на дефектот. 

Епископот бачки Иринеј : Треба да продолжи дијалогот меѓу СПЦ и МПЦ


Епископот бачки Иринеј (Буловиќ) изјави дека е неопходно да продолжи дијалогот меѓу СПЦ и МПЦ за надминување на отвореното црковно прашање. Во интервју за српскиот неделник „Печат“ објавено на сајтот на Бачката епархија, епископот Иринеј, кој е духовен отец и еден од најблиските сoработници на српскиот патријарх Порфириј, вели дека актуелната општа состојба во С.Македонија и […]

Најмногу снег на Попова Шапка, најстудено утрово во Битола и Берово


Најмногу снег утринава има на Попова Шапка, каде се измерени 27 сантиметри, а потоа во Маврови Анови – девет сантиметри. Најстудено утрово било во Битола и во Берово со измерени минус три степени Целзиусови и во Скопје-Петровец, Тетово, Струмица и Демир Капија со измерени минус два степени. Во Куманово и во Дебар измерен е минус […]

Свлечиште и голем одрон на патот Свети Николе-Миладиновци, сообраќајот пренасочен


На патниот правец А2 Свети Николе – Миладиновци, на 10 километри пред Миладиновци, поради свлечиште и голем одрон, сообраќајот е пренасочен само на една коловозна лента во должина од 150 метри. На местото е поставена соодветна сообраќајна сигнализација, а на учесниците во сообраќајот им се  препорачува внимателно возење. Како што соопшти Автомото сојузот на Македонија […]

За потребите на Обвинителството ќе се издвојува 0,4 отсто од Буџетот на државата


За оваа година буџетот на Обвинителството е зголемен за околу 14 отсто. Исто така ја гледам гаранцијата во Законот за Јавно обвинителство, каде што првпат се востанови дека за потребите на Обвинителството ќе се издвојува 0,4 отсто од Буџетот на Република Северна Македонија. Свесни сме дека тоа не може веднаш да се оствари со оглед на […]

Астрономски календар


Денеска е понеделник, 3 јануари 2022 година, 3-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 362 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 7 часот и 2 минути, а ќе зајде во 16 часот и 13 минути. Денов трае 9 часа и 11 минути. Месечината, која е во фаза на млада Месечина, ќе изгрее […]

Сончево со мала до умерена облачност, температурата до 17 степени


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла или значителна ниска облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 3, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени. Во Скопје претпладне […]

Временски чуда: Пролет ли е или 2 јануари?


  Во поголемиот дел од Европа температурите се исклучително високи за ова време на годината. Во Централна Европа денеска беше потопло за 10 Ц степени од вообичаеното. Вчера во Лондон температурата беше дури 16,2 степени. Во Франција просечната температура во ова време е околу 5 степени,  во последната недела таа изнесуваше 10,2. Според мерењата, ова […]

Еко-свест започнува со кампања против изградбата на мали хидроцентрали


 Еко-свест започнува со кампања против изградбата на мали хидроцентрали и укинување на државните субвенции од буџетот за изградба и субвенционирање работата на малите хидроцентрали. Со оваа кампања Еко-свест ги повикува граѓаните да ја потпишат петицијата за укинување на субвенциите за малите хидроцентрали, чија изградбата остава непоправливи последици по животната средина и природата. -Работата на малите хидроцентрали […]

Нови 246 позитивни на Ковид-19, вкупно починати шест  лица


Во изминатите 24 часа регистрирани се 246 нови лабораториски позитивни случаи на КОВИД-19, со што бројот на активни случаи изнесува 4.828, а оздравени се 547 пациенти и пријавени се три починати лица, информираат од Министерството за здравство. Согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 4.072 тестирања, а регистрирани […]

„Зимската приказна“ во Битола заврши на врвот на Пелистер


Симболично, со изгрејсонцето на првиот ден од новата 2022 година на врвот Пелистер заврши празничната „Зимска приказна“ во Битола, која беше своевиден претпразничен фестивал кој траеше девет денови. 34 планинари своето новогодишно зимско искачување „Први на 1-ви” го започнаа од платото пред Офицерскиот дом, кое во декември беше претворено во празничен плоштад каде се одвиваа […]

Новите соеви и нееднаквата поделба на вакцините ја отежнаа состојбата со коронавирусот во 2021 година


Светот ја заврши 2021 година со 29,326,993 активни случаи на коронавирусот, 5,452,999 починати, 253,689,769 оздравени и вкупно 288,469,761 заболени од почетокот на пандемијата. Заклучно со 31 декември, во Северна Македонија регистрирани беа 225.049 заболени лица од коронавирусот, починати 7960 лица, а активни 5243 случаи. Почетокот на 2021 година донесе и надеж за крај на пандемијата, бидејќи во […]

Ѓорѓи Лазаревски: Борбата за човекови права никогаш не завршува


  Чувствував дека сум должен нешто да преземам, тоа беше појако од мене, премолчувањето го доживував како соучесништво. Со овие зборови укажувачот Ѓорѓи Лазаревски во интервју за МИА го објасни моментот кога дознал дека некој направил нешто незаконски, дека некој сакал сè околу него да контролира, па дури и своите. Тој е еден од двајцата […]

Пет години по првата пресуда, мобингот сè уште се компарира со поимот секојдневие


  Законот за заштита од вознемирување на работно место е донесен во 2013 година. Три години подоцна, во 2016-та, донесена е и првата пресуда за психичко вознемирување на работно место. Во пресудата, судот наложува тужените да престанат со психичкото вознемирување на работното место на тужителот и да овозможат соодветно вреднување на неговата работа. Оттогаш, предмети […]

И денеска пролетни температури, максималната ќе достигне од 10 до 18 степени


Претпладне со појава на магла по одделни котлини. Преку денот сончево и над просечно топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 7, а максималната ќе достигне од 10 до 18 степени. Во Скопје, претпладне со појава на магла, […]