Корона билтен: 198 нови инфекции и девет починати


Фото: Б. Грданоски

Од направени 1.996 тестови, изминатото деноноќие регистрирани се 198 нови случаи на Ковид-19, починаа вкупно девет лица, а оздравеа 276 пациенти, соопшти Министерството за здравство.

Од новите случаи најмногу се регистрирани во Скопје – 120, следат Битола – 15, Прилеп – 11, Охрид – 7, Куманово и Виница – по 6, Кавадарци – 5, Тетово, Велес, Штип и Кичево – по 4, Дебар и Кратово – по 2, Гостивар, Струмица, Кочани, Струга, Гевгелија, Свети Николе, Делчево и Демир Хисар – по 1.
 
Од вкупниот број позитивни случаии регистрирани е 31 реинфекции.
 
Регистрирани сe 276 оздравени пациенти од: Скопје – 251, Куманово – 9, Битола – 4, Кичево и Ресен – по 3, Кратово – 2, Тетово, Штип, Демир Хисар и Радовиш – по 1.
 
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 4 починати лица: две од Скопје (70 и 92) и по едно лице од Прилеп (73) и Битола (74). Сите се починати во болнички услови.
 
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој термин“, дополнително се пријавени пет починати лица од: Скопје (2), Тетово (1), Охрид (1) и Гевгелија (1). Починатите лица се на возраст од 53г до 92г. Лицата за починати се пријавени во период од 27.02.2022 до 02.03.2022 година. Сите пријавени се починати во домашни услови.
 
Досега во земјата се направени вкупно 1.922.182 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 301.491, бројот на оздравени пациенти е 290.254, на починати е 9.146, а бројот на активни случаи изнесува 2.091.
 
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Најмногу активни случаи има во Скопје – 1.094, а по него се Прилеп со 148 и Битола со 135 случаи. Во Пехчево и Дојран нема активни случаи, а во Делчево има еден.