СДСМ обвини дека градоначалникот Орце Ѓорѓиевски склучувал договори со роднини и пријатели


Владејачката СДСМ обвини дека градоначалникот на кисела Вода од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, покрај тоа што се жали дка нема пари за подмирување на обврските на општината, сепак, склучувал договори со роднини, пријатели и медиумски куќи блиски до опозицијата, за извршување услуги во неговата општина.

– Преку договори со суми од 40 па и од 50.000 денари, парите на граѓаните завршуваат кај членови на ВМРО-ДПМНЕ, нивни роднини, пријатели, па дури и нивни медиумски поддржувачи. Само во еден месец, ноември 2021 година, Орце Ѓорѓиевски склучил 11 вакви Договори кои се продолжени и во оваа 2022 година – тврдат од СДСМ.

Така, Славче Трпевски – партиски кадар на ВМРО-ДПМНЕ, поранешен директор на Катастар, против кого има Кривична пријава за злоупотреба на службената положба и овластување, зема 40.000 денари општински пари,  а има и анекс на Договор.

Наталија Митовска – од порталот Инфомакс, медиум кој е под директна контрола на ВМРО-ДПМНЕ, исто така има Договор со општина Кисела Вода. Со парите на граѓаните очигледно се плаќа пропагандата на ВМРО-ДПМНЕ и ширењето лажни вести, претпоставуваат од СДСМ.

Го покажаа и Договорот на Митовска, 24.000 денари месечно, но има и анекс на Договор, ,а  таа е ангажирана за изготвување Извештај со елаборирање за спроведување програма на месна самоуправа.

Во спосокот на роднини кои земаат пари од општината се и Сара Ѓорѓиевска –  братучетка на градоначалникот, со договор вреден 30.000 денари, а работи нао прием на странки, телефонски разговори и прием на пошта. 

Договор има и за Кирил Митревски, близок пријател на градоначлникот, вреден 50.000 денари но и многу други лица блиски до ВМРО-ДПМНЕ, како Влатко Стојановски, Кирил Димчевски, Сашо Јовановски, Ленче Алтова и др.