Околината на „Ист гејт мол“ далеку од луксузот на трговскиот


Дежурства на градските комунални редари спроти „Ист гејт“, а поднесени се и четири прекршочни пријави за неправилно одложување комунален отпад од страна на Инспекторатот на Град Скопје, информираа од таму.

Покрај засилените контроли се организира и дежурства на градските комунални редари на локацијата спроти трговскиот „Ист гејт мол“, каде што изминатиов период од несовесни граѓани континиурано неправилно се одложува комунален отпад и се создаваат диви депонии.

Градските комунални редари деновиве на самото место затекнале четири сторители и против истите се поднесени соодветни прекршочни пријави.


Екипи на ЈП „Комунална хигиена“ веднаш го подигнале отпадот, а просторот е целосно исчистен.

Од Градот апелираме отпадот да се одлага во садови наменети за комунален отпад во спротивно ќе следаат соодветни санкции согласно со Законот за јавна чистота. Секое исфрлање на отпад на јавни површини претставува кршење на Законот за јавна чистота и директно ја загадува околината.

Дежурствата на Инспекторатот на Градот продолжуваат и во наредниот период на целата територија на град Скопје.