Помали сметки за струја од 600 до 800 денари за 7.500 домаќинства со ниски примања


Најранливите категории на лица со ниски примања кои не се приматели на гарантирана помош согласно закон ќе добијат парична помош, односно намалување на месечната сметка за потрошена електрична енергија во износ од 600 денари или 800 денари месечно, во зависност од големината на домаќинството. Ова го предвидува владината програма за ранливи потрошувачи на енергија за […]

Заев додели плакети со благодарност на пратеници од првиот состав на Собранието


  Премиерот Зоран Заев, на пригодна свеченост во рамките на програмата за одбележување на 30-годишнината од независноста, на пратениците од првиот состав на повеќепартиското Собрание од 1991 до 1994 година им додели плакети со благодарност како израз на длабоката почит за нивниот исклучителен придонес во создавањето и развојот на нашата независна и суверена држава. Во […]

Основно училиште со капацитет за над 500 ученици ќе се гради во Визбегово


Почнува изградба на основно училиште во Визбегово во општина Бутел, на вкупна површина од 12 029 квадратни метри и со капацитет за над 500 ученици, соопшти Министерството за образование и наука. Склучениот договор за изведување на градежните работи за изградба на објектот, информира МОН, е во износ од 106.590.812 денари со ДДВ, а реализацијата е […]

Вкупно 18 починати, но и 373 нови случаи на Ковид-19


Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 5.489 тестирања, а регистрирани се 373 нови случаи на Ковид-19, од кои во Скопје – 196, Битола – 36, Охрид – 20, Кавадарци – 18, Прилеп – 17, Струмица и Гевгелија по 11, Велес – 9, Крива Паланка – 7, Куманово и Штип по […]

Димитар Ковачевски се сретна со холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп


  Претседателот на СДСМ и мандатар за составот на новата влада, Димитар Ковачевски, заедно со секретарот за меѓународна соработка на партијата, Бојан Маричиќ, денеска се сретна со амбасадорот на Холандија, Дирк Јан Коп. На средбата, како што соопштија од СДСМ, се разговарало за повеќе теми, при што фокус беше ставен на реформите и евроинтегративниот процес […]

Отворено инклузивно игралиште во дворот на ООУ „Љубен Лапе“ во Аеродром


Во дворот на основното училиште „Љубен Лапе“ во Општина Аеродром, во кое настава посетуваат повеќе од 1.100 ученици, денеска беше отворено инклузивно и пристапно игралиште. Тоа е осмо во рамки на проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“ кој го реализира Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“. Финансиран е од Европската Унија […]

Во сите занимални во градинките во Центар поставени прочистувачи за воздух


Во период кога загаденоста на воздухот се мери и над 100 микрограми на метар кубен, Општина Центар доставува 100 прочистувачи за воздух за сите занимални во сите градинки во општината. Прочистувачите ќе бидат поставени во просториите каде најмладите го поминуваат најголемиот дел од нивниот престој, со што се обезбедува здрав и квалитетен воздух за децата, […]

Уставниот суд од средина на јануари со пет судии, Кацарска апелира да се изберат нови


Уставниот суд моментно функционира без една третина од судиите, а од средината на јануари ќе се испразни уште едно судиско место, што значи петмина судии. Уставот како највисок акт предвидел дека во името на граѓаните ќе одлучуваат девет судии, информира денеска претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска. Таа на денешната прес-конференција предупреди дека со неизбирањето […]

Пановски бара укинување на вакциналните сертификати


  Да запре малтретирањето на луѓето со обврската да имаат сертификати за примени вакцини против корона вирусот без кои им се ограничува движењето на граѓаните. Ваков став искажа познатиот микробилог и професор Никола Пановски потенцирајќи дека треба да се укине обврската да се поседува ваков документ. -Сертификатите никогаш не требаше да се донесат, не треба […]

Уставниот суд годинава решил 173 предмети, укинал пет законски одредби


Досега во оваа година примени се 148 предмети, а решени се 173 предмети, што значи се работеле и останати предмети од изминатите години, информира претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска на денешната прес-конференција. За споредба, како што појасни, имало години кога не бил совладан приливот на предмети при што биле примени поголем број на предмети […]

Големата индустрија во Скопје не загадувала повеќе од дозволеното


За загадувањето на воздухот направивме контрола во Скопје на скоро сите субјекти од големата индустрија како што се Макстил, Цементарница, Дрисла итн. Скоро секаде има направено мерења согласно А-интегрираните еколошки дозволи. Инаку, секоја година во планот за надзори ни се предвидени овие компании, обично во декември и јануари. Немаше отстапувања во однос на зададените параметри […]

Препораки во пресрет на празниците: Храна и пијалоци во умерени количини, без пиротехника и оружје


Умерено да се консумира храна и алкохолни пијалоци, за да нема алкохолни труења, тепачки и сообраќајни незгоди, хронично болните редовно да ја земаат терапијата, препорачуваат од Службата за Итна медицинска помош и од Универзитетската клиника за токсикологија во пресрет на Новата година и божиќните празници. Раководителот на Службата за Итна медицинска помош, Милица Бубало за […]

Дојче веле: Скопјани може да останат без парно греење од 1 јануари


Првиот ден од новата 2022 година за речиси 60 илјади скопјани може да биде многу студен. Корисниците на парно греење на компанијата БЕГ (Балкан Енерџи Груп) од 1 јануари можат да останат со студени грејни тела затоа што не е набавена потребната количина гас за следната година. Како што во моментот стојат работите, на помалку […]

Казни за 68 пијани возачи на територијата на цела држава


Синоќа во периодот од 18 до 22 часот спроведена е зајакната акциска контрола за санкционирање возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на Република Северна Македонија, при што санкционирани се 68 возачи. Од МВР денеска информираа дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираат до сите учесници во сообраќајот да […]

Комуналниот отпад по жител во 2020 година 68 килограми поголем од 2016


 Секој жител во 2020 година создал по 452 килограми комунален отпад, што е раст од четири килограми во однос на 2019 или дури 68 килограми повеќе споредено со 2016 година. Од вкупно создадени 913 илјади тони комунален отпад, околу две третини или 630 тони се собрани и завршиле на депонија. Најмногу произведен и рециклиран отпад […]

Новогодишна донација на „Спорт лајф“


Во пресрет на новогодишните празници Sport Life донираше новогодишни пакетчиња во повеќе институции за деца и млади од ранливите категории. Во текот на минатата и оваа недела претставниците на Sport Life ги посетија: Детскиот дом „11 Октомври“ во Скопје, Меѓуопштинскиот центар за социјална работа – Куманово, здружението Регионален центар за лица со интелектуална попреченост „Порака […]

„Лада“ со подароци во акција „Среќна Нова година Скопје“


Центарот за современи уметности деновиве организира предновогодишна уметничко-креативна акција „Среќна Нова година Скопје“ во која на ранливите категории деца на улица им се делат новогодишни пакетчиња и други подароци. Организаторите на акцијата со новогодишно украсен автомобил „лада“ поминуваат низ градот со цел да ги изненадат и насмеат скопјани, но и да ги израдуваат децата на […]

Ковид пандемијата го зголеми бројот на бездомници, поделени хуманитарни пакети во Пунктот во Момин поток


По повод новогодишните празници, во Пунктот за бездомници на Црвен крст на град Скопје, лоциран во Момин поток традиционално на бездомните лица им беа доделени хуманитарни пакети со топла облека и храна. -На денешниот ден ги означуваме сите предновогодишни, новогодишни и божикни празници со најзагрозената категорија бездомниците со еден предновогодишен богат ручек. Пунктот за бездомници […]

Предновогодишно пуштена во употреба жичницата до врвот на Водно


Од денеска повторно е во функција жичницата до врвот на Водно.  – Изминатиов период се завршени сите неопходни процедури за пуштање на жичницата  во функција од технички и безбедносен аспект.  Во изминатиов период направен е редовен годишен преглед од овластена институција, мониторинг од Државен инспектор за жичници, како и редовен технички преглед. Жичницата е повторно […]

Македонски Брод се модернизира, добива нов парк


Министерот за локална самоуправа Горан Милевски денеска истакна дека се реализирани  два значајни проекти за Македонски Брод и околината, набавен е трактор за полесно собирање на отпадот и завршена е реконструкцијата на паркот покрај реката Треска. – За подобрување на општинските услуги и заштитата на животната средина, Општина Македонски Брод аплицираше по јавните повици за […]