Спасовски: Да празнуваме одговорно, пиротехниката да им ја оставиме на професионалците


Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска на сите  граѓани им посака среќна и бериќетна Нова година. За претстојните празници, потсетува Спасовски, дека треба да празнуваме одговорно, да се погрижиме да го сочуваме сопственото и здравјето на најблиските. – Да не возиме ако консумираме алкохол или да не пиеме ако мора да управуваме возило. Да […]

Пановски: Не треба веќе со сертификатите да ги малтретираат луѓето и да им забрануваат движење


Микробиологот д-р Никола Пановски во дебатниот магазин „Click Plus“ посочи дека сертификатите за примена вакцина против Kовид-19 никогаш не требало да се донесат. Според него, луѓето не треба веќе да ги малтретираат и да им забрануваат движење бидејќи вакцинираните лица исто така ја шират болеста. -Сертификатите никогаш не требаше да се донесат и на луѓето […]

Хуманитарни пакети со облека и храна во Пунктот за бездомници во Момин Поток


Во пресрет на празниците, во Пунктот за бездомници на Црвен крст на Град Скопје во Момин Поток денеска ќе биде организиран традиционалниот  предновогодишен ручек.  На 150 бездомни лица кои редовно го посетуваат Пунктот ќе им бидат поделени хуманитарни пакети со топла облека и храна. Пунктот за бездомници функционира 13 години и нуди повеќе услуги за лицата кои немаат свој дом. Целта  […]

Престанува да важи бесплатниот автобуски превоз во Скопје


Мерката за бесплатен автобуски превоз, која беше прогласена во понеделникот, од денеска се укинува и престанува да важи, соопшти Град Скопје. Одлуката вчера беше донесенa поради подобрување на состојбата со загаденоста на воздухот и по добиено  известување од Министерството за животна средина и просторно планирање, а врз основа на  податоци од Државниот автоматски мониторинг систем […]

Завршува првото полугодие, учениците од утре на зимски распуст


Учениците во основните и средните училишта денеска го завршуваат првото полугодие од учебната 2021/2022 година и од утре, 31 декември, се на тринеделен зимски распуст. Според календарот на МОН за организација на наставата, во училишните клупи ќе се вратат на 20 јануари 2022. Поместување на зимскиот распуст односно одложување на почетокот на второто полугодие засега […]

Променливо облачно, за новогодишната ноќ ведро со услови за појава на магла


Времето ќе биде променливо облачно со услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, особено изразен вдолж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната ќе достигне од 6 до 12 степени. Во Скопје, претежно облачно со умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура […]

Арсовска: По ревизијата и консолидирање на ЈСП ќе се воведува во етапи бесплатен автобуски превоз


Град Скопје би помогнал секому, но буџетот е оставен во очајна состојба. Заглавен е со проекти за кои се склучени договори кои се повеќегодишни и, за жал, мора да се реализираат и не може да се прекинат. Најголем дел од средствата се веќе однапред определени каде ќе се трошат следната година, рече градоначалничката Данела Арсовска […]

Продолжува процесот на опремување на полицијата, досега реновирани 69 објекти, се работи на уште осум


Во рамки на стратешките активности за континуирано материјално-техничко подобрување и инвестиции во инфраструктурните капацитети на македонската полиција, кои ги зацрта актуелното раководство на МВР на чело со министерот Оливер Спасовски, во моментот забрзано се работи на осум полициски објекти, 69 се досега целосно реконструирани, а планот е овој тренд забрзано да продолжи и во следната […]

Поп и фолк за дочекот на Новата 2022 во Скопје


Три општествено одговорни компании, се одважија во време на економска и енергетска криза, да придонесат за организацијата за свечениот дочек на Новата Година. Со настап на домашни музички изведувачи, скопјани на плоштадот „Македонија“ ќе ја дочекаат Новата 2022 година, објави Град Скопје.  Програма на 31.12.2021 година:   21:00-22:00 – Пука Козметика 22:10-23:10 – ДНК 23:20-00:20 […]

Мијалков сепак излегува од затвор


Сашо Мијалков излегува од притвор, пренесува „А1он“, откако според медиумот му е уважена  жалбата од Апелациониот суд , по одлуката на Кривичниот суд кој му одреди дополнителна мерка притвор за „Плацови на Водно“.  Засега се уште не е познато дали одлучувал истиот состав на Кривичен совет или некој од членовите барале наместо нив да одлучи […]

Три месеци условен затвор за вулгарен коментар на фејсбук страницата на ЗНМ


Судска пресуда во корист на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) пристигна денеска за случајот каде што од профил на социјалната мрежа „Фејсбук“ е напишан коментар под објава на Фејсбук страната на ЗНМ. Според пресудата од Основниот кривичен суд, лицето Сашо Митев е виновен по член 394-г од Кривичниот законик и му се утврдува казна […]

По Нова година ќе се поставуваат реквизитите во Луна паркот


По Нова година ќе започне уредувањето на новиот Луна парк, најавуваат од град Скопје. Ќе се пристапи кон монтирање на реквизитите кои се веќе набавени и ќе се вклопат и во новата проектна документација, за паркот да биде функционален, велат од Град Скопје. Беше посочено дека за Луна паркот во моментов се изработува проектна документација, […]

ВМРО-ДПМНЕ предлага повторно да се менуваат имињата на улиците и плоштадите во Скопје


На предлог на советничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Андоновска, Советот на Град Скопје на денешната трета седница со 24 гласа „за“ и 19 „против“ на дневниот ред ја додаде и точката за „Одлука за поништување на одлука за определување и промена на имиња на улици, мостови и плоштади на подрачјето на Град Скопје“. – […]

Исчистени 6,5 тони смет од дворот на Градежниот факултет


Во текот на вчерашниот и денешниот ден службите за одржување на хигиената во Општина Центар собраа 6,5 тони парчиња искршена пластика, хартија, суви лисја и гранки од дворот на Градежниот факултет. Иако редовното одржување на хигиената во кругот на факултетот е надлежност на самата инстуција, Општина Центар излезе во пресрет и го исчисти струдентскиот двор […]

Заев и Филипче до здравствените работници: Вие сте хероите во 2021


  Премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче, на директорите и менаџерските тимови на клиниките од јавното здравство кои најнепосредно беа вклучени во борбата со пандемијата од Ковид-19, денеска им ги предадоа плакетите што ќе им бидат врачени на над 8.000 здравствени работници во земјата за нивното пресудно и исклучително важно учество справувањето […]

Нови 396 случаи на Ковид-19 и вкупно 18 починати


Нови 396 случаи на Ковид-19 се регистрирани денеска, со што вкупната бројка на дијагностицирани лица со корона вирус изнесува 224.134. Оздравени се 207 пациенти и  пријавени се 14 починати лица во изминатите 24 часа, информира Министерството за здравство. Направени се 4.858 тестирања, а новите случаи се регистрирани во Скопје – 196, Битола – 31, Прилеп […]

Јовески: Кадровските капацитети – клучен предизвик за Јавното обвинителство во 2022 година


Кадровските капацитети – клучен предизвик за Јавното обвинителство во 2022 година, оцени државниот јавен обвинител Љубомир Јовески денеска на традиционалната предновогодишна средба со шефовите на јавните обвинителства во државата. На средбата, која поради КОВИД пандемијата и оваа година се одржа онлајн, од ЈОРСМ соопштија дека обвинителите ја анализирале годината што изминува и разговарале за идните […]

Арсовска бара помош од централната власт за загадувањето во Скопје


  Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, на денешниот брифинг со новинарите дискутираше за препораките и мерките кои ги реализира Градот Скопје во насока на намалување на загадениот воздух. Таа потенцираше дека сите институции, на централно и на локално ниво, треба да реализираат мерки кои се во нивна надлежност со цел истите да имаат вистински […]

ДКСК: Дино Мерлин противзаконски настапил за Новата 2020 година на плоштадот во Скопје


Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) констатирала дека за организирање на новогодишната прослава на плоштадот во Скопје за 2020 година, на која настапи пејачот Дино Мерлин и други групи, прекршен е Законот за јавни набавки, поради основано сомневање дека Младинскиот културен центар постапил спротивно на законот и не спровел постапка за јавна набавка, туку […]