Конференција: Потребен поголем пристап до квалитетно и инклузивно предучилишно образование


Предучилишното образование е клучно за понатамошниот развој и напредок на секое дете. Затоа, важно е да се зголеми пристапот до квалитетно и инклузивно предучилишно образование, да се овозможи континуитет во образовните реформи, но и подобри услови за раст и развој на децата, посочија учесниците на денешната конференција „Врската меѓу добросостојбата на децата и нивните постигнувања“.

Конференцијата е организирана како заедничка иницијатива на Владата, Британската амбасада во Скопје и УНИЦЕФ, и истата продолжува и утре.

Премиерот Димитар Ковачевски во своето обраќање на денешната конференција ја истакна важноста на добросостојбата на учениците и студентите во текот на нивното образование.

– Како премиер на оваа конференција гледам како на сериозен ресурс на сознанија и препораки кои се добредојдени во креирањето на социјални политики за децата во образовниот процес и на синергијата на тие политики низ програмите на МОН и МТСП. Како родители и наставници и воспитувачи наша одговорност е да разбереме дека социјалниот и емоционалниот развој во раните години во голема мера им помага на децата да научат како да ја постигнат зрелоста, да станат еманципирани првенствено за себе а потоа и за својата заедница, рече Ковачевски.

Тој посочи дека сите деца без исклучок го заслужуваат најдобриот можен почеток во животот.

– Првите средини коишто им го овозможуваат се пријателските и ветувачки воспитни и образовни институции. Докажано е дека децата коишто растат во поттикнувачка домашна средина и кои имаат шанса за развој, кој не се потпира исклучиво на образованието и наставните програми. На децата им се потребни социо-емоционални способности подеднакво колку и когнитивните бидејќи тие овозможуваат да бидат фокусирани на активностите да се мотивираат, да се стекнат со вештини како одговор на повеќе животни предизвици и да се впуштат во интеракција со другите околу нив, рече Ковачевски.

Овие вештини, додаде премиерот, односно социјалните и емоционалните способности мотивираат и ја поттикнуваат способноста на детето да учи, да работи со другите и да обрнува внимание во училниците и да развива други вештини кои се основа за формално учење и социјална интеракција во училиштето и надвор од него.

– Училиштето не е само зграда. Не е место само за учење. Тоа е место во кое децата ги градат своите карактери, стекнуваат независност, се прилагодуваат на новите околности и развиваат значајни релации меѓу себе и своите наставници и врсници. Затоа беше многу важна и одлуката за повторно отворање на училиштата за настава со физичко присуство. Пред конференцијата имав состанок со претставничката на УНИЦЕФ и таа изрази задоволство дека при носењето на одлуките на Владата секогаш се водиме од препораките на Комисијата за здравство и секако од препораките на УНИЦЕФ како организација која што има голем број на емпириски студии на располагање, особено во областа на децата и нивниот воспитно-образовен процес, истакна Ковачевски.

Премиерот заклучи дека поддршката што ја даваме на децата во текот на нивниот развој е најголемата инвестиција што можеме да ја направиме за нивната посигурна и попроспиретна иднина, но и за иднината на општеството.

Британската амбасадорка во земјава Рејчел Галовеј истакна дека секое дете има право да расте во грижлива и просперитетна средина.

– Изминативе четири години работевме заедно со УНИЦЕФ и МТСП на остварување на оваа цел. Ми претствува чест што системот за грижа во Северна Македонија е една успешна приказна особено процесот на деинституционализација. Ги тргнавме децата од тие големи институции и ги ставивме во згрижувачки семејства. Овозможивме децата и семејствата да ја добиваат поддршката во заедниците каде што живеат. Во моментов нема деца во институции под 28 години во Северна Македонија што е еден фантастичен успех на кој сите треба да сме горди, рече Галовеј.

Галовеј додаде дека работеле и со нивото на предучилишно образование, со градинките, што опфаќа работа во делот на развивање на социо-когнитивниот развој кај децата, на развивање на нивната емпатија а фидбекот на наставниците, учителите и родителите, додаде таа, бил исклучително позитивен.

– Кога децата имаат вештини за решавање на конфликти на мирен начин тоа им помага да бидат посвесни, посамоуверени кога пандемијата на Ковид-19 започна кога како родители и наставници сите се соочивме со предизвици и УНИЦЕФ веднаш интервенираше со помош на платформата којашто прво беше за предучилишните деца, а потоа и за сите деца во основно и средно образование тоа е платформата Едуино, истакна британската амбасадорка.

Според претставничка на УНИЦЕФ во Република Северна Македонија, Патриција ДиЏовани, потребно е да се зголеми пристапот до квалитетно и инклузивно предучилишно образование.

Таа рече дека децата што учат барем една година квалитетно предучилишно образование подоцна постигнуваат подобри резултати на училипште, а исто така и помала е веројатноста дека ќе повторуваат години или да излезат од процесот на образование.

-УНИЦЕФ знае дека поддршката што им ја даваме на децата во годините кога се формира нивниот карактер и личност е најголемата инвестиција што секоја земја може да ја направи за одржлива и просперитетна иднина, рече ДиЏовани во своето денешно обраќање на конференцијата.

Таа информираше дека во оваа земја, само 40 отсто на возраст од 3 до 6 години се запишани во предучишно образование, а треба континуирано да работиме кон остварување на ЕУ целта, која подразбира 95 отсто од децата да се запишани во градинка.

Напомена дека одеднакво важно е да останеме посветени на подобрување на квалитетот на предучилишно образование, а не само да се оди колкиу да се оди колку да се оди во градинка, туку децата таму да учат.

Трета придобивка, како што рече, е потребата од континуитет во образовните реформи, да се ревитализира учењето, да се запали повторно страста за улилиштето, така што секое дете без оглед на тоа во кој град живее, да го добива истиот квалитет на образование.

-Вистинската моќ за ова да го постигнеме е во луѓето. Заедничката поддршка која доаѓа од една заедничка соработка меѓу наставници директори, уичилишни системи, сетот тоа е потребно. За децата да напредуваат треба да се чувствуваат вреднувани во училиштето, додаде Патриција ДиЏовани.

 

Тргнувајќи од начелото дека секое дете има право на квалитетно предучилишно згрижување, воспшитување и образование, министерка за труд и социјална политика Јованка Тренчевска информираше дека Владата се обврза да го зголеми за 50 проценти опфатот на деца од предучилишна возраст од 3 до 6 години во установите за згрижување и воспитание.

– МТСП интензивно работи на реформата во делот на заштитата на деца, работиме на секое дете, да му обезбедиме услови за подобар раст и развој, а овој темелен процес продолжува и во наредните години, рече Тренчевска на денешната конференција.

Во таа насока, како што рече, МТСП во соработка со општините работи на проширување на капацитетите за заштита и воспитание на децата со посебен акцент на зголемување на достапноста на градинките во руралните средини.

Министерката информираше дека освен од буџетските средства на Министерството, на располагање се дополнителни 1,5 милиони евра преку ИПА 2 програмат,а наменета за изградба на две детски градинки во општините Тетово и Теарци, како и 15,6 милиони евра кои се обезбедени преку проектот за подобрување на социјалните услуги кој е фенинсиран со кредит на Светска банка за проширување на пристапот и подобрување на квалитетот на услугите во системот на згрижување и воспитание на деца.

Паралелно, како што рече, со прошиорување на капацитетите Министерството работи и на подобрување на квалитетот на структурите и процесот на раното учење и развој, како и промовирање на заедницата за значењето и инвестирањето во раниот детски развој и придобивките од ваквите инвестции во иднината као за поединецот, така и за заедницата.

-Претшколското образование е клучно за понатамошниот развој и напредок на секое дете, а со негово подобрување градиме квалитетни млади генерации и подобро општество. Раното детство е од исклучителна важност за натамошното здравје, развој и животните исходи на децата. Квалитетното предучилишно образование овозможува сите деца без оглед на средината од која доаѓаат, јазик, обраозвание и потекло на родителите, да добијат сеопфатна поддршка за да го развијат својот потенцијал, додаде министерката.

Додаде дека Министерството за труд и социјална политика во соработка со УНИЦЕФ и други партнери заеднички работат на развивање ресурси и програми за поддршка на родителите.

-Како дел од соработката развиваме низа на материјали и активности за потикнување на социо- емоционалниот развој на децата достапни преку платформата ЕДУИНО. Во подготовка е првата апликација за поддршка на родители, БЕБО која ќе биде промоивирана во текот на април, а МТСП во соработка со УНИЦЕФ започнува со изготвување на национална стратегија за родителство, рече министерката Тренчевска.