Џабир Дерала ја доби наградата „Солидарност за новинарите од Југоисточна Европа“ за 2024 година


 

Претседателот на „Цивил“, Џабир Дерала, ја доби наградата „Солидарност за новинарите од Југоисточна Европа“ за 2024 година, која ја доделува Друштвото за Југоисточна Европа (Südosteuropa-Gesellschaft) СОГ од Минхен, Германија.

„Длабоко сум почестен и благодарен што ја добив наградата ‘Солидарност за новинарите од Југоисточна Европа’ за 2024 година. Ова признание не е само лично достигнување туку и доказ за посветеноста и храброста на моите колеги од ‘Цивил’ и пошироко. Од срце им благодарам на Südosteuropa Gesellschaft и на целиот тим за оваа значајна чест. Тоа нè инспирира да продолжиме со нашата работа за унапредување на демократијата и човековите права, поддржувајќи го владеењето на правото и промовирање на слободите на медиумите во нашиот регион“, пишува Дерала на социјалните мрежи.

Церемонијата на доделување на престижната награда ќе се случи на 4 јули 2024 година во германскиот Бундестаг.