Концентрациите на ПМ10 честички во Скопје и Струмица паднаа под прагот на алармирање


Средните дневните концентрации на ПМ10 честички во воздухот во текот на вчерашниот ден беа под дефинираниот праг на алармирање од 150 микрограми на кубен метар на мерните места во Скопје – Центар, Гази Баба, Лисиче и Ректорати, како и во Струмица, покажуваат податоците на Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на воздухот (ДАМСКВ). Со ова, […]

На Рашковски може да му се суди – одобрено обвинението


  Основниот кривичен суд Скопје денеска информира дека обвинението против седум лица за нелегална набавка на софтвер и перење пари поднесен од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција на 08.10.2021 година, е оценето и одобрено во целост од страна на Советот за оценка на обвинител акт. Тоа значи дека на поранешниот генерален […]

Арсовска ќе го доградува мостот во Аеродром


Мостот на крајот од булеварот „АСНОМ“ во Аеродром, сепак ќе се догради, брифираше денеска градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, откако првично велеше дека не е возможно да се заврши. Арсовска ќе ги продолжи и другите проекти почнати од претходниот градоначалник, Петре Шилегов, како проширувањето на булеварот „Борис Трајковски“ од Пинтија кон Драчево, клучката кај Момин […]

Маричиќ: Трагикомично е да ме напаѓаат за влијание врз судството луѓе кои беа симбол за заробено судство


Министерот за правда Бојан Маричиќ вели дека целта на неговото повикување на судиите да ја образложат одлуката за пуштање на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков од притвор била да ги повика судската и обвинителската фела на отченост пред јавноста бидејќи, како што посочува, јавноста секогаш ја обвинува извршната власт за добрите, но почесто за […]

Престанува бесплатното возење со градскиот превоз


Од утре нема бесплатен градски превоз. Се укинуваат и мерките и препораките за загадување на воздухот затоа што штетните честички во воздухот паднале под 100 микрограми на кубен метар. Но, во некои од приватните автобуси од сабајле веќе беа вклучени пост терминалите за отчукување на картичките за возење, иако на сила се уште е бесплатниот превоз. […]

Извлечен тетовец заглавен со возилото во снежните наноси во Галичица


Полициски службеници од СВР Битола синоќа добиле повик за помош од страна на  П.Х. (57) од Тетово, соопштија од МВР и појаснија дека според пријавеното, поради големи снежни наноси на планината Галичица, тој заглавил со патничко возило „Џип“ со албански национални ознаки, на регионалниот пат Отешево – Свети Наум, на кој има активна забрана за […]

АМСМ: Намалена видливост поради магла и претежно влажни коловози


  Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла од 30 – 40 метри има на патниот правец село Гајре – Тетово, од 50 – 100 метри на патниот правец Скопје – Тетово – Гостивар, од 100 – 150 метри на патниот правец Страцин – Куманово, […]

Активни 4.801 случај на КОВИД-19, во дел од државите рекорден број новозаболени и позаострени мерки


  Продолжуваат апелите на надлежните институции граѓаните да се вакцинираат против КОВИД-19 со цел да се дојде до колективен имунитет и да се спречи ширење на мутации на коронавирусот. Досега во земјава има само еден случај на новиот сој на КОВИД-19, Омикрон, а епидемиолошкота состојба останува стабилна. Бројот на активни ковид случаи во земјава изнесува […]

Значително облачно со локални врнежи од дожд


  Времето денеска ќе биде значително облачно со повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Кон крајот на денот ќе почне да дува умерен до засилен северен ветер, особено вдолж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а […]

Започна усогласувањето за ставање во функција на европскиот број за итни повици


Владата денеска на седница ја разгледа и усвои информацијата на Центарот за управување со кризи (ЦУК) за потребата од обезбедување на телекомуникациски сервиси за единствениот комуникациско-информативен систем со единствен број на повикување во случај на ризици и опасности и други несреќи на целата територија на државата – Е-112. Согласно препораките на ЦУК, Владата ги прифати […]

Акцелераторот УКИМ ги промовираше двете инвестиции во решението Листа и во играта „SciGirl: The Internship“


Акцелераторот УКИМ инвестираше во решението Листа на стартапот „Брандер Студио“ и во играта „SciGirl: The Internship“ на стартапот „Синдекс“ кои учествуваа во акцелераторската програма за поддршка на напредните стартапи и брзорастечките компании, БАУ АПА2021. Александар Стамболиев, директор на Акцелераторот УКИМ на денешната панел дискусија на тема „Акцеларија за паметни инвестиции“ информираше дека Акцелераторот УКИМ во […]

ДКСК откри пет случаи на трупање на функции


 Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) согласно поднесените изјави за интереси за 2021 година, констатирала пет случаи на кумулација на функција, од страна на избрани и именувани лица за кои ќе поднесе пркршочен платен налог. Претседателката на ДКСК Билјана Ивановска, на денешната седница, информираше дека согласно поднесените обрасци за изјави за интерси за 2021 […]

Нови 409 случаи со Ковид-19, вкупно 10 починати


Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 4.751 тестирања, а регистрирани се 409 нови случаи со Ковид-19, девет починати и 289 оздравени пациенти, соопшти Министерството за здравство. Од новозаболените 409 случаи од Скопје се 218, Прилеп – 37, Битола – 32, Кавадарци – 19, Велес – 18, Македонски Брод […]

Теквондистот Дејан Георгиевски е најдобар спортист на Град Скопје


Теквондистот и најуспешен македонски олимпиец на последните Олимписки игри, каде што освои сребро, Дејан Георгиевски, избран e за најдобар спортист на Град Скопје, а наградата ја доби од градоначалничката Данела Арсовска. Во салата на Советот на Град Скопје денеска беа прогласени и преостанатите најуспешните спортистки,спортисти и тренер на Град Скопје, за 2021 година.  Традиционално и […]

Рашковски и средил на сопругата „подарок“ во возило вредно над 50 илјади евра


 Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) ќе поведе иницијатива за утврдување одговорност за Драги Рашковски до Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција, за незаконито постапување со цел примање награда – возило.ДКСК има сомневање за сторено кривично дело од страна на Рашковски по член 359, став 1 и 2 од Кривичниот законик, односно примање […]

Коалиција „Маргини“: КСЗД утврди повеќекратно вознемирување во учебникот Социологија за трета година


 Коалиција „Маргини“ соопшти дека Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) по однос на нивната претставка утврдила продолжено и повеќекратно вознемирување врз основа на род, сексуална ориентација, родов идентитет, социјално потекло и припадност на маргинализирана група во учебникот Социологија за трета година реформирано гимназиско образование. Автори на учебникот се: Кеснофон Угриновски и Трајан Крстевски, […]

Дури 66,6 проценти од вкупните приходи на општините доаѓаат од централната власт


Во просек, 66,6 проценти од вкупните приходи на општините, доаѓаат од централната власт. Даночните приходи во просек учествуваат со 9,7 отсто, а приходите на данок на имот со 8,4 проценти, покажаа податоците собрани со проектот „Мојата општина – финансии, развој, долгорочна одржливост“ . Податоците покажуваат дека на расходи за плати отпаѓаат 48 отсто, а на […]

ДКСК бара да се разоткрие „шемата“ за кешот од игрите на среќа


 Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) во однос на годишните даночни пријави од игри на среќа денеска повикаа и апелираа да се води контрола на кешот што се добива, но и за заштита на личните податоци. Владата, финансиските институции и сите надлежни, бараат од Антикорупција, да најдат законски решенија за ова прашање и сериозно […]

Стевчо ќе штеди, општината имала најмал буџет во последните 15 години


Општина Карпош во 2022 година ќе има буџет во висина од 485.263.000 денари, што е најмал буџет во последните 15 години, а трошоци од 530 милиони денари, соопшти Градоначалникот Стевчо Јакимовски во вчерашното обраќање до граѓаните преку социјалната мрежа Фејсбук. Причината за тоа е слабиот прилив на средства во општинската каса. – Буџетот законски се […]

Директорот на ОУ „Лазо Ангеловски“ контра Муцунски: Демантирам дека тој побарал мое итно разрешување


Откако градоначалникот на Аеродром, Тимчо Муцунски најави дека нема да го постави за директор на ООУ „Лазо Ангеловски“ Перо Арсеновски, „затоа што претходно неговото име беше поврзувано со пријави за сексуално вознемирување и малтретирање на жени вработени во училиштето“, тој денеска испрати демант до медиумите. Еве што пишува, меѓу другото во демантот на Арсеновски: „Во […]