Утре завршуваат карневалските празнувања во Струмица


 Осумдневните карневалски празнувања во Струмица завршуваат утре кога карневалистите ќе му го вратат клучот од градот на градоначалникот, Костадин Костадинов.

Вечер ќе бидат доделени наградите на најдобрите карневалски групи, а празнувањето продолжува со забавата насловена како Карневалско село на Плоштадот „Гоце Делчев“.

Според претседателот на Организацискиот одбор на Струмичкиот карневал, Александар Цицимов, по две години пауза заради пандемијата повторно е вратен сјајот на карневалот и е продолжена вековната традиција.

-Одлуката за организирање на карневалот не исправи пред многу предизвици, но и ни ја врати надежта дека животот повторно се враќа во нормала. Од сето тоа што досега се случува од почетокот на карневалот можеме да кажеме дека сме го направиле вистинскиот избор. Се случи „струмичко чудо“ во вистинска смисла на зборот, рече Цицимов.

Карневалските поразнувања традиционално завршуваат утре со Тримерски ручек и настап на „Распеани струмичани“ и концерт на ансамблот „Фолклорна низа“.