„Стелт“ варијантата на Омикрон доминантна во државата
„Стелт“ варијантата на сојот „Омикрон“ која се одликува со многу поголема преносливост и ширење но со лесна клиничка слика е доминатна во Северна Македонија покажуваат анализите на позитивните примероци во „Лабораторијата за вирусологија и молекуларна дијагностика“ на Институтот за Јавно здравје (ИЈЗ).
Од 94 позитивни примероци кои биле земени на анализа, во периодот од 28 февруари до 5 март, кај 54 примероци е детектирана БА.2 линијата на сојот „Омикрон“ позната и како „стелт“. Кај 40 примероци е потврдено присуство на БА.1 варијанатата или сојот „Омикрон“. Заболени од т.н. „Делта“ сој не се откриени.
Анализата на ИЈЗ за податоците од лабораториите и болниците покажува дека продолжува да паѓа бројката на новозаболени, починати и реинфекции а значително се намалува и трансмисијата на вирусот кај децата до деветгодишна возраст.
Во периодот од 28 февруари до 5 март регистрирани се 2.504 новозаболени во 34 градови низ државата. Најголем дек од заболените со во Скопје – 1.418 ии 56,6 отсто а највиоска неделна инциденца е регистрирана во Кавадарци – 389 заболени на 100 илјади жители.
Гледано по возрасни групи повторно најмногу на удар се лицата над 60 годишна возраст со 28 отсто од вкупниот број заболени но битно е што трансмисијата меѓу децата до 9 години е намалена за речиси 50 отсто и регистрирани се 103 случаи на болни дечиња во оваа возрасна група.
