Презентација на проектот „Граѓанските организации во акција за климатските промени“
На денешната промоција на проектот „Граѓанските организации во акција за климатските промени“, министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини во своето обраќање посочи дека ова е одлична можност да се види важноста од соработката со граѓанските организации, со цел да се продолжи со спроведување на стратегијата и усогласување на законите со директивите на Европската Унија.
Проектот има цел да ги поддржи локалните и националните акции и партнерства за климатска акција и справување со климатските промени. Овој проект го спроведува здружението Еко-свест, во соработка со Здружението на млади правници МЗПМ и Организацијата за заштита на природните вредности и луѓе-SNVP и е целосно поддржан од Шведската меѓународна агенција за соработка – СИДА.
– Овој проект ќе ги зајакне граѓанските организации во Северна Македонија, така што ќе учествуваат во законодавството, политиките и одлуките поврзани со климата, како и да се поттикне јавната дебата, со клучното прашање како што е економијата со низок јаглерод диоксид и зелена трансформација. Сметаме дека Северна Македонија има одлична можност да направи храбри чекори напред во зелена и одржлива насока и граѓанското општество има важна улога да игра како мотор за овој процес, изјави шведската амбасадорка Кристин Форсгрен Бенгстон на денешната промоција на проектот.
Временската рамка за спроведување на проектот е до мај 2024 година и е во вкупна вредност од 1,3 милиони евра. Грантови ќе добијат од пет илјади до 50.000 евра за реализирање на проекти, а вкупната вредност на програмата за регрантирање на организациите е 400.000 евра. ки/ац/