Активни 14.783 случаи на Ковид-19, решенијата за изолација отсега на страницата на ДСЗИ


Решенијата за лицата кои треба да бидат во изолација ќе се објавуваат на веб-страницата на Државниот санитарен и здравствен инспекторат и дополнително во Службен весник во најбрз можен рок, со цел брз проток на информациите, намалување на временската разлика меѓу моментот кога е констатирана потребата од изолација, издавањето на решението за изолација и неговото објавување. […]

Променливо облачно и студено, на места слаб снег


Времето ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди. На места ќе провејува снег. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 2, а максималната ќе достигне од 1 до 7 степени. Во Скопје, променливо облачно и студено со […]

Астрономски календар


Денеска е среда, 2 февруари 2022 година, 33-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 332 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 47 минути, а ќе зајде во 16 часот и 48 минути. Денов трае 10 часа и 1 минута. Месечината, која е во фаза на млада Месечина, ќе изгрее […]

Решенијата за изолација ќе се објавуваат на сајтот на здравствениот инспекторат


На денешната 10 седница, Владата донесе заклучок и за начинот на изработување и доставување на решенија за изолација за лица кои се позитивни на КОВИД-19 или се контакти на позитивни лица. Според новиот предлог, решенијата за лицата кои треба да бидат во изолација ќе се објавуваат навеб страницата на Државниот санитарен и здравствен инспекторат и дополнително […]

Денес нови 2.000 случаи и 35 починати лица од Kовид


Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 5.779 тестови, а регистрирани се 2000 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 1.096, Битола – 123, Кавадарци – 108, Куманово – 96, Тетово – 75, Прилеп – 60, Велес – 58, Гевгелија – 39, Струмица – 38, […]

Нови ковид протоколи за македонските граѓани за влез во Германија и Шпанија


Македонските граѓани кои ќе сакаат да влезат во Германија ќе мора да имаат сертификат за вакцина со две дози од призната вакцина од ЕМА/Германија со важност од девет месеци наместо досегашните 12 месеци, соопштија од Министерството за надворешни работи согласно препораките од Европската комисија. Сертификатот за вакцинација со три дози призната вакцина од Германија засега […]

Второто полугодие 11 училишта го почнаа со онлајн настава


Седум средни и четири основни училишта во земјава денеска го почнаа второто полугодие со онлајн настава, затоа што објектите се реновираат. Дел од учениците од ООУ „Димитар Поп Георгиев Беровски“ во скопската општина Ѓорче Петров учебната година ја продолжија со онлајн настава. Како што информираше градоначалникот Александар Стојкоски во моментот се врши реконструкција на подовите […]

Градоначалникот на Тетово Биљал Касами позитивен на Ковид-19


Тетовскиот градоначалник Биљал Касами преку социјалните мрежи информираше дека е позитивен на Ковид-19. Додека е во изолација дел од обврските ќе ги исполнува од дома. -Сакам да ве информирам дека по резултатите добиени од тестирањето, сум позитивен на Ковид-19. Врз основа на препораките на Министерството за здравство, ќе ги почитувам препораките против Ковид со самоизолирање. […]

Единствен начин да се намали бројот на реинфекции е вакцинацијата против Ковид-19


Омикронот може да го избегне имунитетот постигнат од прележување на делта варијантата и може да го избегне и имунитетот кој е постигнат со вакцина ако таа е примена долго време претходно. Затоа единствен начин да се намали бројот на реинфекции останува вакцинацијата против Ковид-19, вклучително третата доза за која има многу студии кои укажуваат дека […]

Се бара јавна расправа за предлог-измените на Законот за урбанистичко планирање


Триесет и пет невладини организации, граѓански иницијативи, академски и научни институции доставија заедничко Барање до Министерството за транспорт и врски за јавна расправа за Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за урбанистичко планирање. Со дописот, потпишаните организации изразуваат загриженост дека дел од предложените законски измени може да предизвикаат долгорочни штетни последици врз природата и […]

Кој сѐ си го „стопли“ џебот од битолската „Зимска приказна“


  БИТОЛА – Новогодишната манифестација на општина Битола насловена „Зимска приказна“ организирана во дворот на обновениот Офицерски дом, еден месец по дочекот на Новата година ја бранува битолската јавност, особено прашањето кој сѐ од власта ќарил од оваа манифестација и дали новата локална самоуправа поддржува непотизам. Во нејзината организација и реализација се споменуваат звучни имиња […]

Кои се новите членови на Комисијата за заразни болести?


  Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство денеска одржа состанок во новиот состав. Комисијата е формирана и надградена, рече денеска на прес-конференција министерот за здравство Беким Сали. Проф. д-р Александар Петличковски од Институтот за имунологија и хумана генетика е назначен за претседател на Комисијата, а д-р Злате Мехмедовиќ за нејзин портпарол. Министерот Сали […]

Ковачевски на средба со поглаварите на верските заедници: Добрата соработка ќе продолжи


Премиерот Димитар Ковачевски денеска се сретна со поглаварите на верските заедници во земјава – на Македонската Православна Црква-Охридска Архиепископија, Архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан, на Исламската верска заедница, Реисул Улема хаџи Шаќир ефенди Фетаи, на Католичката црква, монсињор Киро Стојанов, бискуп скопски и струмичко-скопски епарх, со претседателот на Еврејската заедница, Пепо Леви и со […]

Скринингот на учениците за Ковид-19 ќе биде со брзи тестови


Скринингот на учениците за Ковид-19 се размислува да биде со брзи тестови, кои не се премногу на број, но 10.000-20.000 тестови се на располагање и ќе биде на случајни ученици со цел да ја видиме вкупната застапеност на вирусот во овие старосни групи, изјави денеска доктор Александар Петличковски, кој е нов претседател на Комисијата за […]

Герасимовски: Почнуваме со урбанизација и модернизација на Крњево и Маџир Маало


Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, најави нови градби, урбанизација и модернизација на населбите Крњево и Маџир Маало. Тој во интервју за Националниот сервис МРТ, изјави дека населбите Крњево и Маџир Маало, како едни од најстарите маала во Општина Центар, неопходно е да бидат урбанизирани и да добијат модерен лик. Герасимовски рече дека ДУП –от […]

Сите автобуси на „Беса Транс“ за Истанбул биле без дозвола


Истрагата на Царината покажа дека сите автобуси на Беса Транс кои транзитирале кон Истанбул биле без дозвола за транспорт на патници, соопштиле за Алсат од Цраината по завршената истрага за трагедијата која се случи во Бугарија и во која загинаа 45 патници. „Утврдено е дека не било извршено евидентирање на 5 превозни средства (автобуси) во […]

УКИМ падна за 100 места во светското рангирање на универзитетите


Во јануари 2022 година рејтингот на универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје на светската листа на универзитети е 1.594. Пред само шест месеци таа бројка беше 1.493. Од регионот, во првиот дел од оваа табела, меѓу првите 500, се универзитетите во Белград, Љубљана, Прага, Будимпешта, Брно, Загреб…  Оваа организација („Webometrics Ranking of World Universities”) рангирањето на […]

Комисијата за заразни болести доби нов претседател – д-р Александар Петличковски


За прв пат по избувнувањето на пандемијата на корона вирусот во Комисијата за заразни болести дојде до значајни промени. За нов претседател на Комисијата е избран професорот и директор на Институтот за имунологија д-р Александар Петличковски. Седницата на Комисијата за заразни болести се` уште трае и нема информации дали досегашниот претседател епидемиологот д-р Жарко Караџовски […]

Жителите на Центар пратки ќе подигаат во доставната пошта во зградата на поранешна „Нова Македонија“


АД „Пошта“ заедно со својот партнер Халкбанка денеска ја промовираше новата услуга „Пошта поблиску до граѓаните“, која им овозможува на граѓаните од Општина Центар сите пратки кои не ги добиле во текот на денот, да си ги подигнат во просториите на зградата на поранешна „Нова Македонија“. Во рамки на оваа мисија, генералниот директор на АД […]