Прогноза на УХМР за работната седмица – температури и под нула


Фото: Б. Грданоски

Во текот на работната седмица времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури, кои ќе се спуштат и под нулата, а најстудено ќе биде во вторник наутро.

Дневните температури ќе бидат во пораст, меѓутоа повторно се очекува облачно време.

Следната сабота се очекуваат и локални врнежи од дожд.