Снег на повеќе места во Македонија


Врнежи од снег денеска се забележани на повисоките места во Пијанец и Малешевијата, но и на Стража, во Маврово, Попова Шапка, Пелистер, Крушево и Пониква.

Според информации на патници, но и од надлежните лица од „Македонија Пат”, најмногу снег е регистиран на Граничниот премин Делчево – Станке Лисичково, додека со нешто послаб интензитет и во општините Пехчево и Берово.

Поради најавата за пониски температури, овоштарите стравуваат да не се повтори состојбата од пред неколку години кога во Пијанечко-малешевскиот регион имаше значително измрзнување на овошките.