Грантови за развој на мултикултурализмот ќе добијат 70 основни и 25 средни училишта


 Седумдесет основни и 25 средни училишта во државава ќе добијат грантови за реализација на активности кои придонесуваат за развој и унапредување на мултикулурализмот, меѓуетничката интеграција и толеранција во основните и средните училишта за учебната 2021/2022 година. Министерството за образование и наука на својата веб-страница ги објави резултатите од Јавниот повик за доделување средства со цел да се промовираат […]

Нови семафори за поголема безбедност за сите учесници во сообраќајот


Продожуваат активностите на Град Скопје и јавното претпријатија „Улици и патишта“ за зголемување на безбедноста за сите учесници во сообраќајот, преку реконструкција на постојната и поставување на нова хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација.  Деновиве се пуштени  во употреба новите семафори со прекинувачи за најава на пешаци на крстосница на улица „Скупи“ со улицата која води […]

Реконструирани сите тоалети во објектот Беко на градинката „13 Ноември“


Со завршувањето на реконструкцијата на последните 2 тоалети, се завршува целосната реконструкција на санитарните јазли во детската градинка „13 Ноември“ – објект Беко во Општина Центар. Денес, градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, заедно со директорката на градинката „13 Ноември“, Ружица Биџовска и раководителката на општинскиот Сектор за јавни дејности, Јагода Јанковска, направија обиколка на […]

Без вода булевар „Видое Смилевски Бато“


Од ЈП „Водовод и канализација“ известуваат дека поради уличен дефект на водоводна цевка Ф-220мм на бул. „Видое Смилевски Бато“ бб. до Рептил маркетот со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од овој булевар со скопската населба Ново Лисиче   Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10.40 часот до завршување на дефектот.

Kампања на МЗ за превенција и рано откривање рак на грлото на матката


Ракот на грлото на матката може да се превенира доколку навреме се открие. „Еден преглед спасува живот, прегледај се -заштити се!“ е мотото под кое се спроведува кампањата за превенција и рано откривање рак на грлото на матката, информира на својата фејсбук страница Министерството за здравство. Освен во јануари, месец кој традиционално е посветен за […]

Дури 13 лица кои вторпат заболеле од Ковид-19, починале


Согласно информациите на неделниот извештај на Институтот за јавно здравје од почетокот на пандемијата до денеска, вкупно 6.494 лица по вторпат со заразиле корона, што е 2,4 проценти од вкупниот број позитивни случаи во земјава, а од нив 17 се болни кои се разболеле по третпат. Тринаесет лица кои по вторпат се заразиле со Ковид-19 […]

Забрана за камиони на патните правци Кичево – Стража, Гостивар – Стража, Струга – Ќафасан и Маврово – Дебар


Поради обилни снежни врнежи, утрово од 08:30 часот е воведена забрана за товарни моторни возила на патните правци Кичево – Стража и Гостивар – Стража. Збрана за сообраќај на камниони има и на патот Маврово – Дебар, како и на патниот правец Струга-Ќафасан, соопшти АМСМ. Сообраќајот на другите патишта се одвива непречено. Снег паѓа во […]

(Видео) Министерот за образование Шаќири во основно училиште во Чаир – се почитуваат протоколите


По повод почетокот на второто полугодие од учебната 2021-2022 година, министерот за образование и наука Јетон Шаќири го посети основното училиште „Битолски конгрес“ во општина Чаир. Директорите на сите основни и средни училишта уверија дека се подготвени за почеток на второто полугодие со физичко присуство. – Од денеска, од професорите, кои се најмногу во контакт […]

По синоќешните два, регистриран уште еден земјотрес во охридско – струшкиот регион


Уште еден земјотрес е регистриран рано изутрината во во 03 часот и 22 минути во епицентрално подрачје Пештани-Охрид-Струга, 100 километри јужно од Скопје. Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, соопшти дека земјотресот бил со Рихтерова локална магнитуда ML2.6 и интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала, а е почувствуван од населението во Охрид, Струга, […]

Минатата недела 11.916 нови случаи на Ковид-19, речиси секој трет тестиран бил позитивен


Во периодот од 24 до 30 јануари годинава во земјава се регистрирани вкупно 11.916 нови позитивни случаи на Ковид-19, што е зголемување од 2,7 % во однос на претходната седмица. Тестирани се вкупно 38.518 материјали, за 2,0 % помалку од претходните седум дена, а процентот на позитивност се движел од д 22,5% до 35,8%, просечно […]

Санкционирани 181 возач за непропуштање пешаци на пешачки премин


Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (31.01.2022) спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возачите кои не ги пропуштаат пешаците на пешачки премин односно не ги почитуваат обврските како возачи. Санкционирани се 181 возач, од кои 110 на територија на Скопје, соопшти денеска портпаролот на МВР Тони Ангеловски. При акциската контрола санкционирани […]

Забрана за камиони на патот Маврово – Дебар


Поради обилни врнежи на снег, утрово од 06:20 часот воведена е забрана за движење на товарни моторни возила на патото Маврово – Дебар, соопшти АМСМ. Сообраќајот на другите патишта се одвива непречено. Снег паѓа во западниот дел на државата. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од […]

Учениците се враќаат во училиштата, почнува второто полугодие


По едномесечниот, продолжен зимски распуст, околу 255 илјади ученици денеска се враќаат во училишните клупи за второто полугодие од учебната 2021/2022 година. Поради влошената епидемилошката состојба и проценката дека земјата се наоѓа на врвот од  КОВИД-заразата, наставата не почна на 20 јануари и беше одложена за десетина дена по препорака на Главниот координативен кризен штаб […]

Регистрирани два земјотреса во охридско-струшкиот регион


Два земјотреса се регистрирани синоќа во епицентралното подрачје Пештани-Охрид-Струга, 100 километри јужно од Скопје. Првиот земјотрес бил во 21 часот и 7 минути со локална Рихтерова магнитуда ML2.5 и интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала, а вториот во 21 часот и 26 минути со локална Рихтерова магнитуда ML2.6. и интензитет од III-IV степени, […]

Благо намалување на бројот на новоинфицирани од Ковид-19, остануваат истите мерки


Засега нема потреба од нови рестриктивни мерки, поради тоа што има благо намалување на бројот на новоинфицирани од Ковид-19, сметаат надлежните. Ковид сертификатите остануваат да важат, а денеска ќе се знае како и кога ќе биде спроведен скринингот во училиштата. Министерот за здравство Беким Сали вчера кажа дека има благо намалување на бројот на новоинфицирани, […]

Снег, дожд и ветер


Времето денеска ќе биде облачно со врнежи претежно од снег, долж Повардарието од дожд и снег, а на југоистокот дожд. Пообилни врнежи ќе има во северозападните делови. На повеќе места ќе се формира снежна покривка, а на планините ќе се зголеми. Во северните и западните делови се очекува да наврнат од 5 до 10 см […]

Астрономски календар


Денеска е вторник, 1 февруари 2022 година, 32-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 333 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 48 минути, а ќе зајде во 16 часот и 47 минути. Денов трае 9 часа и 59 минути. Месечината, која е во фаза на млада Месечина, ќе изгрее […]

Герасимовски најави реконструкција на 14 улици во Центар


Реконструкција на 14 улици, изградба на три нови детски игралишта и обнова на останатите, почеток на градба на нова градинка во населбата Пролет и проширување на капацитетите на ОУ „Коле Неделковски“, најави градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, во вечерашното гостување на Топ Тема на Телма Телевизија. Тој во емисијата рече дека иако е во […]

На местото на депонијата во Ѓорче Петров, ќе се прави парк


Градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски во емисијата „Топ тема“ најави дека на местото од исчистената депонија во Ново Село ќе градат парк. „Се трудиме капиталните инвестиции да не трпат. Веќе кажав, ние од сам старт почнавме со реализација на капиталните проекти кои ни беа ветени во програмата. Еден од нив е депонијата во Ново […]

Нови 711 случаи со Ковид-19, 26 починати, најмладиот е 29-годишен


Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 3.197 тестови, а регистрирани се 711 нови случаи со Ковид-19, 22 починати и 7.170 оздравени пациенти, соопшти Министерството за здравство. Од 711 новозаболени од Скопје се 505, Кавадарци 30, Струмица 26, Куманово 25, Охрид 21, Битола и Штип по 17, Прилеп 12, […]