Вкупно четворица починати од ковид, 149 нови случаи


Фото: Б. Грданоски

 

Во последните 24 часа се регистрирани 149 нови случаи на Ковид-19 од направени 2.669 тестови, што е 5,5 отсто од примероците. Почина едно лице и има 223 оздравени пациенти, соопшти Министерството за здравство. на починати е 9.244, а на активни случаи изнесува 1.351

Од новозаболените 149 случаи од Скопје се 77, Битола – 16, Прилеп и Кавадарци – по 9, Делчево – 6, Гостивар, Охрид и Ресен – по 4, Тетово и Кичево – по 3, Куманово, Струмица, Гевгелија и Неготино – по 2, Струга, Свети Николе, Радовиш, Валандово, Виница и Демир Капија – по 1.

Од вкупниот број позитивни регистрирани се 20 реинфекции. Починато лице е од Скопје (88). Починато е во болнички услови.

Согласно регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 дополнително се пријавени три починати лица од: Штип (1), Кичево (1) и Гевгелија (1), на возраст од 73 години до 81 години. Пријавените лица се починати во период од 01.04.2022 до 02.04.2022 година. Вкупниот број починати е 9.244, а на активни случаи 1.351.

Кај сите четири починати лица се регистрирани коморбидитети.

Досега во земјата се направени вкупно 1.981.494 тестирања на КОВИД-19. Вкупниот број КОВИД-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 307.654, бројот на оздравени пациенти е 297.059, на починати е 9.244, а на активни случаи изнесува 1.351

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно) Во Скопје има најмногу активни случаи – 715, а заболени нема само во Дојран.