Ангелов: Комисијата за брани ја потврди опасноста од одрон на карпата над Матка


Стручното мислење на Комисијата за брани за карпата над браната Матка, тешка околу 20 тони, е дека постои опасност од нејзино одронување, затоа се препорачува изработка на проектна програма, како и техничка документација за санација на карпата, соопшти денеска директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов. Тој им препорачува на планинарите и алпинистите да го избегнуваат тој терен, а […]

Илјада македонски граѓани барале азил во европски земји


Бројот на барања за азил во ЕУ и неколку други европски земји во ноември 2021 година е втор по големина од 2016 година, односно само малку помал од септември, објави Агенцијата за азил на ЕУ (АУАА). Во ноември се регистрирани околу 71.400 барања за меѓународна заштита, девет отсто повеќе од октомври, пренесува Бета.  Како што […]

Прилепската гимназија доби нов покрив и фасада, до 1 септември очекува реновирани училници


Вложуваме во децата, во младите и во образованието и во пандемиска година вложивме околу 1 милијарда денари за подобри услови во образовниот процес што е за 2,5 пати повеќе од 2020 година, изјави премиерот Димитар Ковачевски при денешната посета на прилепското основно училиште „Кире Гаврилоски-Јане“ и на прилепската гимназија „Мирче Ацев“. Ковачевски, заедно со министерот […]

Поскапува такси превозот во Битола, бурни реакции кај граѓаните


  БИТОЛА – Битолчани во наредниот период ќе плаќаат поскап такси превоз, откако мнозинството во Советот на Општина Битола гласаше за поскапување на  услугата. Така, на пример, за најблиската релација до 3 км, граѓаните досега плаќаа 90 денари, а  сега ќе плаќаат 110 денари. Претходно стартот беше 30 денари, а секој километар се плаќаше по […]

На Детската клиника успешно излекувано девојче од леукемија


На Универзитетската клиника за детски болести едно девојче успешно е излекувано од леукемија, изјави министерот за здравство Беким Сали. Тој денеска ја посети Клиниката со цел да види, како што рече, до каде се стигнати градежните работи во Одделот за онкологија, што наскоро се планира да биде отворен. – Онколошкиот центар на Клиниката за детски […]

Арсовска ги исчисти депониите во Скопје, таа во Шуто Оризари не ја виде


Во 82 дена, од почетокот на мандатот на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, исчистени се над 150 диви депонии, од кои 120 се детектирани депонии за време на кампањата, но и диви депонии за кои пристигнале пријави од граѓани, рече таа на денешната презентација на сработеното за првите 82 дена, но за депонијата во Шуто […]

Од вечерва се враќа снегот


Под влијание на влажен бран во вечерните и ноќните часови во западните делови од земјава ќе започнат врнежи од дожд и снег, кои ќе продолжат и утре и ќе се прошират насекаде. Наместа врнежите ќе бидат пообилни и на југоистокот ќе започнуваат како дожд. На повеќе места и особено на западот ќе се формира нова […]

Министерот за здравство до тројцата лекари: Ова не е време за молење


  Ова не е време за молење, туку да се засучат ракавите. Вака министерот за здравство, Беким Сали ги коментираше реакциите на професорите Драган Даниловски, Никола Пановски и Вело Марковски, кои одбија да станат дел од Комисијата за заразни болести затоа што повикот им бил испратен јавно преку Фејсбук, а не лично. На прашањето дали […]

Нема укинување на вакциналните сертификати, вели Сали


Засега нема потреба од нови рестриктивни мерки. Веќе десет дена има благо зголемување на бројот на хоспитализирани, а тоа значи дека сме во тек со состојбата, ја контролираме и со капацитети на кревети кои ги има сосема доволно и од аспект на кадар сме сосема доволно добро организирани. Така што нам ни останува само да […]

Утре ќе се одлучува како и кога ќе биде спроведен скринингот во училиштата


На утрешната седница на Комисијата за заразни болести ќе се одлучува како и кога ќе биде спроведен скринингот во училиштата што го најави министерот за здравство Беким Сали. Тој денеска изјави дека скринингот ќе биде изведен преку центрите за јавно здравје кои ја водат евиденцијата на сите позитивни случаи. – Една од точките на утрешната седница […]

Поканата на министерот преку Фејсбук била несоодветна за тројцата лекари


  Министерот за здравство наиде на првиот ѕид во обидот да слушне стручен совет за начините како да се справуваме со корона вирусот. Од незнаење, од лош совет или од непреценување на сопствената позиција, Беким Сали јавно ги покани преку Фејсбук професорите Драган Даниловски, Никола Пановски и Вело Марковски да се приклучат како членови на […]

Со сензорната соба во ООУ „11 Октомври“ се зголемуваат инклузивните практики во Куманово


Аудитивни, визуелни и тактилни реквизити се дел од опремата во сензорната соба на ООУ „11 Октомври“ во Куманово, во која од денес, стручната служба и специјалниот едукатор и рехабилитатор ќе може да работат на индивидуални третмани со учениците со образовни потешкотии. „Сензорната соба и инклузивните игралишта вистински го подобруваат квалитетот за образование и воспитание на […]

Со почетокот на второто полугодие ЈПС ќе вози по делничен возен ред


ЈСП – Скопје информира дека од утре, вторник (1.02.2022 год) јавниот превоз ќе сообраќа по делничен зимски возен ред, а повторно активни (важечки) ќе бидат средношколските билети за бесплатно користење на превозот. Во изминатиов период, за време на продолжениот зимски училишен распуст, автобусите сообраќа по редуциран возен ред, вообичаена пракса за време на распустот на […]

„Водовод и канализација“ повторно простува камати


Јавното претпријатие „Водовод и канализација“  информира дека повторно ќе спроведе акција за наплата на долговите без пресметка на камата. Акцијата за наплата на долговите на рати без камата за физички и правни лица е со определен временски рок, почнувајќи од утре заклучно до 15 март 2022 година. -Ги повикуваме сите корисници кои имаат заостанат долг […]

И општина Илинден дава еднократна парична помош за секое новороденче


Општина Илинден за прв пат воведува доделување на еднократна парична помош на семејства со новороденче, кои се со живеалиште на подрачјето на Општината.  Од Буџетот на Општина Илинден ќе бидат издвоени по 5000 денари за секое семејство со новороденче кое е родено од 01.01.2022 година. Целта на овој проект е стимулирање на наталитетот и подршка […]

На Попова Шапка утрово најстудено и најмногу снег


На Попова Шапка утрово е измерена најниска температура во државата од -8 степени и највисока снежна покривка од 30 сантиметри. Како што информира УХМР, следат Тетово, Битола и Маврови Анови со -6, -5 во Скопје-Петровец, Демир Капија и Крушево, -4 Прилеп, Охрид и Претор, -3 Струмица, Берово и Крива Паланка, -1 Скопје-Зајчев Рид, Штип и […]

Барања за онлајн настава пред стартот на второто полугодие


Со Одлука на Владата од минатата недела, второто полугодие во основните и средните училишта во земјава треба да почне утре со физичко присуство на учениците. Но, во пресрет на продолжението на учебната година зачестија барањата за почеток на второто полугодие со онлајн настава. По Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК), со вакво барења […]

Со нови 1.254 инфицирани со КОВИД-19, бројот на активни случаи во државата надмина 20.000


Во викенд деноноќието меѓу саботата и неделата во државава се регистрирани 1.254 нови случаи на КОВИД-19, со што бројот на активни случаи со корона вирусот достигна 20.114. Меѓу вкупниот број на позитивни има и 169 реинфекции. Во посочениот период се регистрирани и 28 оздравени пациенти, како и 21 починат во болнички услови на возраст од […]

Претпладне сончево, попладне облачно, а во вечерните часови снег


Времето денеска претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне облачноста ќе се зголемува. Ќе дува слаб до умерен ветер, претпладне од северозападен, а попладне од југозападен правец. Во вечерните и ноќните часови во западните подрачја ќе започнат врнежи од снег. Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 13 Целзиусови […]

Астрономски календар


Денеска е понеделник, 31 јануари 2022 година, 31-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 334 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 49 минути, а ќе зајде во 16 часот и 45 минути. Денов трае 9 часа и 56 минути. Месечината, која е во фаза на последна четвртина, ќе изгрее […]