Најмногу дожд во Маврови Анови


Проектот опфаќа изградба на излетнички точки, набљудувачници, обновување на планинарски патеки, набавка на возила за фото-сафари и други содржини

Утрово е претежно облачно со локални врнежи од дожд. Во горниот дел на Повардарието ветерот го промени правецот во северен и е засилен. За изминатите 24 часа заклучно до 8 часот изутрина најмногу дожд паднал во Маврови Анови каде се измеренеи 5 л/м2 воден талог, 2 во Охрид, и по 1 во Скопје кај Петровец, Штип, и во Куманово.

Времето денеска облачно и значително посвежо со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и обилни, локално проследени со грмежи. Дневните температури ќе се намалат за околу 10 степени. На планините над околу 1200 метри надморска височина во западните и северните делови врнежите ќе преминуваат во снег. Ќе дува засилен северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 15 степени.

Во Скопје облачно со врнежи од дожд, повремено поројни. Ќе дува засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне 13 степени.