Променливо облачно и студено со умерен до засилен ветер


Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со умерен, а долж Поварадрието краткотрајно засилен ветер од северен правец. Претежно претпладне и особено во северните и централните делови од земјава повремено ќе провејува слаб снег. Минималната температура ќе биде во интервал од -10 до -2, а максималната ќе достигне од -1 до 6 степени. Во […]

Комеморација за македонските Евреи жртви во холокаустот


Мора да се спротивставиме на секој обид за ревизионизам и негирање на вистината за холокаустот, но и на секоја форма на омраза кон различните од нас. Ние сме особено горди на нашите сограѓани Евреи затоа што тие сите нас нѐ потсетуваат на конечната победа на животот над уништувањето и на сеќавањето над заборавот. Затоа ние […]

Крушево затрупано со снег, паркираните автомобили оневозможија и отстранување на отпадот


Големите количини снег и паркираните автомобили во тесни улички денеска ја отежнаа работата на комуналците во Крушево кои го расчистуваа снегот, но на некои места не можеле да ги испразнат и контејнерите од отпад од истата причина. Денес службите на „Комуна“ со две возила, ровокопач и трактор со плуг за снег и соларка, работеа на […]

ТИТАН Цементарница „Усје“ донира фасада за ОУ „Блаже Конески“ во Аеродром


Основното училиште „Блаже Конески“ во населбата Мичурин наскоро ќе добие целосно нова фасада. Фасадата на зградата на ова основно училиште ќе биде реконструирана со средства донирани од компанијата ТИТАН Цементарница „Усје“ АД Скопје која за таа цел ќе обезбеди 4.446.548 денари или околу 72 илјади евра. Ваквиот проект произлегува од конструктивната соработка на Општината и […]

Се породи Украинка во Чаир- министерот Сали прв ја посети


Министерот за здравство Беким Сали на својот Фејсбук профил сподели фотографии од Оксана, Украинка која на свет донесе здраво девојче токму на гинекологија Чаир. „Убави вести ни доаѓаат од гинекологија во Чаир, Оксана од Украина на свет донесе девојче, тешко 3.890 кг и долго 54 см. Оксана и новороденчето се во добра состојба, тимот од […]

Нови 318 случаи со Ковид-19, вкупно 13 починати


 Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа се направени 2.358 тестови, а регистрирани се 318 нови случаи со Ковид-19, седум починати и 468 оздравени пациенти, соопшти Министерството за здравство. Од 318 новозаболени од Скопје се 166, Битола 24, Велес и Прилеп по 18, Кичево 14, Куманово 12, Кавадраци и Охрид по […]

До крајот на март да се отстранат сите хаварисани возила во Кисела Вода


Општина Кисела Вода известува дека во вторник, 15.03.2022 година, во заедничка соработка со ПСОН –Кисела Вода и РСБСП- Скопје, започнува со акција за изрекување на опомени до имателите на хаварисани возила за отстранување на моторното возило поради попречување на одвивање на сообраќајот и загрозување на човековата околина. Доколку возилото и покрај опомената, не биде отстрането […]

Советот на јавни обвинители немаше кворум, изборот на обвинители за ОЈО ГОКК следната недела


– Поради немањето кворум Советот на јавни обвинители на денешната седница не донесе одлука за избор на пет нови јавни обвинители за Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК). Претседателот на Советот, Антонио Јолевски нова седница закажа за следниот четврток и посочи дека сите членови биле запознаени за денешната седница. […]

Градот Скопје ќе финансира целосна реконструкција на улицата „Славка Динкова“ во општина Кисела Вода


Советот на Град Скопје на  денешната седница  расправаше и  донесе одлука Град Скопје  да реализира голем инфраструктурен проект за целосна реконструкција на улицата „Славка Динкова“, општина Кисела Вода. Проектот  ќе се реализира преку меѓуопштинска соработка помеѓу Град Скопје и Општина Кисела Вода. Со овој проект се предвидува изградба на атмосферска канализација, целосна реконструкција на коловозот […]

Пожар во една од бараките на Општина Кисела Вода


Општина Кисела Вода информира дека денеска околу 11 часот, во бараката 3 во објектот на Општина Кисела Вода изби мал пожар поради дефект во застарената електрична инсталација. Од Општината велат дека пожарот веднаш беше локализиран од страна на самите вработени и освен причинетата незначителна материјална, нема никаква друга штета, ниту пак повредени лица. На лице […]

Бочварски: Зголемена динамиката на реконструкција на локалните улици во општините


Инфраструктурните проекти што се реализираат со финансиска поддршка од Светска банка (СБ) беа тема на денешната средба на министерот за транспорт и врски Благој Бочварски со делегација од Банката предводена од Масимилијано Паолучи, директор на канцеларијата на Светска банка за државава. Министерот на средбата ги потенцираше проектите Зајакнување на транспортната трговија и Изградба и санација […]

Секој десетти жител има одреден степен на бубрежна слабост


Колку е сериозна бубрежната болест укажуваат и статистиките дека секој десетти адултен жител на земјава е со одреден степен на бубрежна слабост или секој трети до петти жител има шанса да развие хронична бубрежна болест, истакна директорката на Универзитетската клиника за нефрологија, Ирена Бушлетиќ на одбележување на Светскиот ден на бубрегот, што се одржа денеска […]

До крајот на неделата студено, од понеделник постепен раст на температурите


Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со повремени врнежи од снег во западните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието и во источните делови. Максималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6 степени. Во Скопје променливо облачно и студено со температура до 3 степени Целзиусови. […]

Набавките за КОВИД -19 сѐ уште изобилуваат со проблеми и ризици од корупција


Центарот за граѓански комуникации изработи Извештај за јавните набавки за заштита од КОВИД-19 во првото полугодие од 2021 година кои претставуваат 38 % од сите тендери за КОВИД-19 во периодот на мониторинг, а нивната вредност од 5,7 милиони евра е 36 % од вредноста на сите вакви тендери во анализираниот период. Мониторингот ги детектираше следниве […]

Граѓани бараат укинување на ДУП-от за Градска четврт СЗ 19 во Влае


Укинување на Предлогот Детален урбанистички план за Градска четврт СЗ 19 и негово враќање на ревизија бараат жителите на Влае кои предупредуваат дека доколку овој план се усвои од страна на Општина Карпош ќе значи бришење на единствените спортски и зелени површини во овој дел од градот што ќе резултира со сериозно деградирање на квалитетот […]

На Попова Шапка -14 степени и 64 сантиметри снег


Најстудено утрово е на Попова Шапка каде што се измерени -14 степени, во Маврово е -12, Крушево – 10, Берово и Крива Паланка -7, Битола и Охрид -6, Прилеп – 5, Штип и Демир Капија -4, Струмица и Куманово – 3, Скопје и Тетово -2,  Гевгелија -1 и во Дојран нула степени. УХМР информира и […]

Нова методологија за проценка на епидемиолошкиот ризик, во училиште и понатаму со маски


Комисијата за заразни болести  предлага нова методологија за проценка и следење на епидемиолошкиот ризик. Останува на ставот дека е рано да се размислува за укинување на мерката носење заштитни маски во училиштата поради, како што велат, малиот процент на целосно вакцинирано население. Продолжува намалувањето на активните ковид случаи во државата чиј број, како што информираа […]

Почнува одбележувањето 79 години од депортацијата на македонските Евреи


Еврејската заедница во Република Македонија и Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија (ФХЕМ) со повеќе комеморативни настани во Скопје, Битола и Штип, од денеска до 14 март ќе одбележат 79 години од холокаустот на 7.144 македонски Евреи, кои на 11 март 1943 година биле собрани од нивните домови и потоа депортирани во логорот на […]

Светски ден на бубрегот – кај нас околу 200.000 граѓани имаат бубрежно заболување


Светскиот ден на бубрегот – 10 Март, посветен на истакнување на важноста на здравјето на бубрезите, годинава се одбележува под мотото „Да се надминат непознавањата за да се зачува функцијата на бубрезите”. Се проценува дека бубрежните болести погодуваат над 850 милиони луѓе ширум светот. Еден  од 10 возрасни има некоја форма на хронично заболување на […]

Истражување за насилство во средните училишта


Аналитика тинк-тенк денеска организира завршен настан од проектот „Развој на култура на мир и превенција на насилство како основни вредности во образовниот систем во РС Македонија’’, кој е подржан од Амбасадата на Канада за Србија, Црна Гора и Северна Македонија. На настанот ќе биде презентиран Прирачник базиран на истражување врз репрезентативен примерок од 300 испитаници, […]