ЗЕЛС даде рок од седум дена за Владата да се разговара за решение за локалните проблеми


  Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска присуствуваше на 5-та седница на Управниот одбор на Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС) на која се разговараше за проблемите со кои се соочија македонските општини поради актуелната енергетска криза. На средбата ЗЕЛС донесе заклучок да и даде на Владата рок од седум дена за одговор […]

ЗЕЛС: Владата да одговори на барањата од општините за надминување на енергетската криза


Предизвиците со кои се соочуваат општините предизвикани од актуелната енергетска криза беше главната тема на денешната петта седница на Управниот одбор на Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС). -Управниот одбор на ЗЕЛС денеска донесе заклучок да и даде на Владата рок од седум дена да одговори на доставените барања и предлози од ЗЕЛС поврзани […]

Учениците и понатаму мора да носат маски во училиште


Комисијата за заразни болести не дискутирала за носењето заштитни маски во училиштата на денешниот состанок, на кој предложила нова  методологија за проценка и следење на епидемиолошкиот ризик. Портпаролот на Комисијата, д-р Злате Мехмедовиќ, за МИА изјави дека на состанокот денеска не било дикутирано за маските, но дека ставот е претходно познат – за укинување е […]

Соња Колевска-Делевска добитник на наградата на ЗНМ за истражувачко новинарство


Новинарката Соња Колевска-Делевска од СДК.мк е овогодишната добитничка на наградата „Јашар Еребара“ за најдобра истражувачка сторија која ја доделува Здружението на новинари на Македонија.Колевска-Делевска наградата ја доби за нејзиниот серијал текстови за случајот со Тони Сали, младо момче, лице без државјанство, кое минатата година почина откако цела деценија водеше битка за да добие матичен број и извод на родени. […]

МНР: Учеството во која било странска војска е кривично дело


Од Министерството за надворешни работи велат дека како земја пријател на Украина, имаме разбирање за сложената состојба во која се наоѓа Украина и која ги става во посебна состојба украинските власти да повикуваат за секаков вид помош, во сите пријателски земји, вклучувајќи и придружба, и/или доброволци кои би се приклучиле на украинската армија во одбраната од […]

Владата донесе пакет од 26 мерки „тежок“ 400 милиони евра за заштита на граѓаните и компаниите


Повластената стапка на ДДВ за основните производи за човечка исхрана од 5 на нула отсто е една од 26 мерки и препораки кои ги донесе денеска Владата за заштита на стандардот на граѓаните за ликвидноста на компаниите.  „Одговорноста на сите политички партии е да го поддржат овој пакет на економски мерки, што тежат 400 милиони […]

Левица бара апанажа за работниците и поголема субвенција за студентски оброк


  Партијата Левица поднесе денеас предлог закон за утврдување  апанажа за работниците и поголема субвенција за студентски оброк.   -Нашиот прв обид за укинување на апанажата на функционерите не успеа, затоа што очигледно политичката класа во Македонија мисли дека е избрана за народот да ја издржува, наместо да му служи на народот. Затоа ова е […]

Нови 292 случаи на Ковид-19, седум починати


Во последните 24 часа се регистрирани нови 292 случаи на КОВИД-19, од направени 2.410 тестови. Оздравени се 303 пациенти, а починале две лица, соопшти Министерството за здравство, согласно податоците од Институтот за јавно здравје.   Од новите случаи, во Скопје се 140, Битола 21, Куманово 18, Велес 16, Прилеп 14, Тетово 13, Кавдарци 12, Гостивар, Охрид, […]

МОН ќе прифати укинување на маските во училиштата ако така препорача Комисијата


Кога Комисијата за заразни болести ќе препорача дека учениците не треба да носат заштитни маски во училиштата, Министерството за образование и наука тоа ќе го прифати. Јас  можам да побарам, но факторот што одлучува е Комисијата, рече  министерот за образование и наука Јетон Шаќири. Во одговор на новинарско прашања дали со оглед на малиот број […]

Презентација на проектот „Граѓанските организации во акција за климатските промени“


На денешната промоција на проектот „Граѓанските организации во акција за климатските промени“, министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини во своето обраќање посочи дека ова е одлична можност да се види важноста од соработката со граѓанските организации, со цел да се продолжи со спроведување на стратегијата и усогласување на законите со директивите на […]

Солидарен фонд: Намалувањето на посмртнината е привремено


Намалувањето на средствата што од Солидарниот фонд се исплаќаа за посмртнина од 30 на 25 илјади е привремено, а петте илјади дополнително ќе се исплатат од јулската пензија, по редослед на поднесените барања и во зависност од расположивите средства. Намалувањето и успорувањето на динаминката на исплата, велат од Одборот на Регистрирана организација за солидарен фонд […]

Јапонската амбасада донира четири нови апарати за Заводот за рехабилитација на слух, говор и глас


Заводот за рехабилитација на слух, говор и глас денеска доби донација од Јапонската амбасада во вредност од 1.316.190 денари, која се состои од четири апарати што ја помагаат рехабилитацијата на деца и возрасни со различни попречености. На денешниот настан на кој беше потпишан грант договорот, јапонскиот амбасадор во земјава Хиронори Савада истакна дека со овој […]

Општина Аеродром ќе донира 2.500 евра за украинскиот народ


Осудувајќи ја ја агресијата врз Украина и изразувајќи солидарност со украинскиот народ и цивилното население кое е приморано да ги напушти своите домови поради воените дејства во Украина Општина Аеродром одлучи да му донари 150.000 денари (2.500 евра) на украинскиот народ.  за оваа донација одлука донел Советот. Во соопштението на Општина Аердором, сепак, не се […]

МАНУ со поддршка до Украинската академија на науките


Претседателството на Македонската академија на науките и уметностите го осуди загрозувањето на територијалниот интегритет и суверенитет на Украина и повика на толеранција и почитување на човековите права. Изразува и силна морална поддршка до Украинската академија на науките. Обраќањето на МАНУ до Украинската академија на науките го пренесуваме во целост: „Повикувајќи се на Повелбата на Обединетите […]

Конференција: Потребен поголем пристап до квалитетно и инклузивно предучилишно образование


Предучилишното образование е клучно за понатамошниот развој и напредок на секое дете. Затоа, важно е да се зголеми пристапот до квалитетно и инклузивно предучилишно образование, да се овозможи континуитет во образовните реформи, но и подобри услови за раст и развој на децата, посочија учесниците на денешната конференција „Врската меѓу добросостојбата на децата и нивните постигнувања“. […]

Билетите за градскиот превоз нема да поскапат, уверува ЈСП


Новата цена на горивата предизвика  загриженост кај граѓаните, барем кај оние кои ги користат услугите на градскиот превоз во Скопје за евентуално поскапување на билетите, но од ЈСП ја смируваат „топката“, нова цена на билетите нема да има. Независно од порастот на цената на горивата, ЈСП Скопје не размислува за покачување на цените на услугите […]

Земјотрес во Скопје


Земјотрес со Рихтерова локална магнитуда 2.0 и интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала, е почувствуван утрово во Скопје и околината. Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија го регистрирала земјотресот во 9 часот и 48 минути, соопшти Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Ученици од Конче немаат превоз до училиштето во Радовиш


  Веќе трет ден од работната недела 66 ученици кои живеат во Конче немаат превоз до нивното училиште кое се наоѓа во Радовиш, СОУ „Коста Сусинов“, информира Сојузот на средношколци. Според нив, проблемот се провлекува подолго време, поради пропусти на претходните локални самоуправи во Општините Радовиш и Конче. Имено, превозниците на ученици по линијата Конче-Радовиш-Конче […]

Променливо облачно и студено со засилен ветер


Времето во земјава ќе биде променливо облачно и студено со умерен, а вдолж Поварадрието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 0, а максималната ќе достигне од 0 до 8 степени. Во Скопје ќе биде променливо облачно и студено со умерен, повремено засилен ветер од северен правец. […]

Се укинуваат ковид – сертификатите за влез во трговските центри и за излез од државата


Укинување на мерката за задолжително поседување КОВИД-19 сертификат за влез во трговски центри/молови, сертификатот за прележан КОВИД-19 наместо 45 да трае 180 дена и укинување на одлуката со која бремените жени се ослободуваат од работа и работни обврски со физичко присуство на работното место, се предлозите на Главниот координативен кризен штаб за справување со последиците […]