„Жени во занаетчиство“ – изложба во Кабинетот на претседателот Пендаровски по повод Деновите на занаетчиство


По повод Деновите на занаетчиство денеска во Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски ќе биде отворена изложбата „Жени во занаетчиство“, чијшто покровител е сопругата на шефот на државата Елизабета Ѓоргиевска.

Како што информираат од Кабинетот на претседателот, на отворањето на изложбата предвидено е да се обратат првата дама Ѓоргиевска, министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, амбасадорката на САД во земјава Кејт Мери Брнз, извршната директорка на Центарот за управување со промени Неда Малеска Сачмароска и директорката на Занаетчиската комора – Скопје, Анета Атанасовска.