Во последните три дена регистрирани се 176 нови случаи на Ковид-19


Фото: Б. Грданоски

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во период од 13 до 15 мај регистрирани се 176 позитивни случаи на Ковид-19, од кои 31 се реинфекции, а нема починати лица. Пријавени се две починати лица од април, кои се дополнително регистрирани преку Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, информира Министерството за здравство.

Направени се 2.674 тестови, а регистрирани се 176 нови случаи на Ковид-19, од кои во Скопје – 106, Битола – 26, Прилеп – 7, Штип и Ресен – по 5, Куманово, Кавадарци и Охрид – по 4, Гостивар и Кочани – по 3, Кичево и Берово – по 2, Велес, Струга, Гевгелија, Крушево и Демир Хисар – по 1.
 
Регистрирани сe 275 оздравени пациенти од Скопје – 111, Битола – 70, Прилеп – 16, Охрид – 10, Кавадарци и Гостивар – по 8, Куманово – 7, Велес и Штип – по 6, Кичево, Тетово и Струмица – по 5, Ресен и Неготино – по 4, Гевгелија – 3, Виница – 2, Кочани, Струга, Делчево, Богданци и Дојран – по 1.
 
-Во текот на изминатите три дена нема пријавени починати лица. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин дополнително регистрирани се две починати лица од Скопје (72г и 83г). Едно лице е починато во домашни и едно во болнички услови. Лицата за починати се регистрирани во период од 25 април – 26 април оваа година, соопшти Министерството.
 
Направени се 2.674 тестови преку: ИЈЗ-229, ЦЈЗ Скопје-153, ЦЈЗ Битола-92, ЦЈЗ Прилеп-35, ЦЈЗ Тетово-20, ЦЈЗ Куманово-39, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–4, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–108, Жан Митрев (Филип Втори)-61, Авицена-70, Биотек-113, Систина-77, лабораторија Лаор-65, Синлаб-6, Ремедика-16, Плодност-53, Генеа-19, Никоб Лаб-208, ВФВ Медикал-37, Ели МедикаПлус-33, Ројал Медика–10, Спектра-ММ-8, Рапид Лаб–23, ЖанМитрев Струмица–4, Нова Лаб Дијагностика–4, Рамус-7, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)– вкупно 1.180.
 
Досега во земјата се направени вкупно 2.038.551 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 310.859, бројот на оздравени пациенти е 301.035, на починатие 9.291, а бројот на активни случаи изнесува 533.