Сали на состанок за здравје и миграции во Истанбул организиран од СЗО


Министерот за здравство Беким Сали присуствува на состанок на високо ниво за здравје и миграции, кој се одржува денеска и утре во Истанбул, организиран од Светската здравствена организација. – Особено е значајно да се погрижиме мигрантите и бегалците не само да имаат пристап до здравствените услуги кога им се потребни, туку и овие услуги да […]

За хотелско сместување бегалци од Украина да се обезбедат 120 милиони денари, одлучи Владата


Владата го задолжи Министерството за финансии да обезбеди 120 милиони денари за организирање и обезбедување хотелско сместување и дополнителни услуги за граѓаните од Украина, кои како бегалци од војната евентуално би пристигнале во нашата земја. – Овие средства ќе бидат префрлени на Службата за општи и заеднички работи, која е задолжена за реализација на овие […]

Се смируваат Ковид бројките: 324 новозаразени и тројца починати


Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 2.290 тестови, а регистрирани се 324 нови случаи со Ковид-19, едно починато лице и 287 оздравени пациенти, соопшти Министерството за здравство. Од новозаболените 324 случаи од Скопје се 207, Битола 19, Прилеп 17, Охрид 13, Куманово 11, Кавадарци 9, Тетово и Велес […]

„Дрисла“ купи два булдожера и два натоварувачи


Побрзо третирање на отпадот и заштеда од досегашната пракса на изнајмување на градежни машини од надворешни компании е придобивката од набавката на четири нови машини во Јавното претпријатие Дрисла. Обезбедени се два булдожери и два натоварувачи со што значително ќе се подобри третирањето на отпад во депонијата. Претпријатието Дридла дејност обавуваше со стара опрема што […]

Резултатите од Пописот на 30 март


Првиот човек на Државниот завод за статистика најави дека конечните резултати од Пописот ќе бидат објавени на 30 март, за што се подготвува настан во салата на Филхармонија. -На Пописот секој граѓанин имаше право да се попише како што смета. Илузија е да се очекува да има раст на населението кога има пораст на емиграција, […]

Реизбрани пет обвинители во ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција


Марија Ѓорѓиева, Валентина Бислимовска, Енѓелуше Кадриу Леши, Ивана Трајчева и Сузана Мирческа Кузмановска се реизбрани за обвинители во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција на денешната седница на Советот за јавни обвинители. Во обвинителството предводено од Вилма Русковска, ќе се приклучат обвинителите кои и досега беа дел од ова обвинителство, меѓутоа […]

Од утре постудено време со дожд, а на планините снег


Времето утре ќе биде постудено со локални врнежи од дожд, а на планините од снег, претежно во јужните делови. Утринските температури ќе се движат од минус 4 до 4 степени, а дневните од 3 до 10 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Во Скопје утре времето ќе биде постудено со локални врнежи од дожд со […]

Нови 16 илјади парчиња делови од униформи за припадниците на полицијата


Во магацините на Министерството за внатрешни работи испорачани се вкупно 16 илјади парчиња летни и зимски панталони и здолништа за припадниците на полицијата, со вредност од 31.008.559 денари со вклучен ДДВ, а по претходно распишана јавна набавка на униформи за 2021 година. Испорачаните парчиња вклучуваат по 6452 машки зимски и летни панталони, по 758 женски […]

Институциите во Македонија се организираат за собирање помош за Украина


Институциите, претпријатијата, фирмите, стопанските комори и граѓаните од Северна Македонија од неодамна почнаа акција за собирање на хуманитарна помош за луѓето во Украина. До денес, средствата кои Црвениот крст ги собра за помош на Украина достигнаа над 2 милиона 700 илјади денари. Министерството за надворешни работи и Црвениот Крст вчера на хуманитарен настан за собирање […]

Предложено основците да не носат маски, останува апелот за вакцинација


Комисијата за заразни болести вчера предложи учениците од основните училишта да бидат ослободени од носењето маски, а капацитетот на исполнетост на затворени објекти – опери, театри, кина да се зголеми од 50 на 75 проценти. Ова доаѓа како резултат на намалување на бројот на новозаболени од КОВИД-19 во државата, а во меѓувреме надлежните остануваат посветени […]

Променливо облачно со локален дожд


Времето денеска ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд, особено во југоисточните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, особено во горниот дел од Повардарието, каде повремено ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 6, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени. Во Скопје […]

Астрономски календар


Денеска е четврток, 17 март 2022 година, 76-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 289 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 45 минути, а ќе зајде во 17 часот и 41 минута. Денов трае 11 часа и 56 минути. Месечината, која е во фаза на прва четвртина, ќе изгрее […]

Гази Баба субвенционира греење на пелети


Општина Гази Баба објави Јавен повик за надоместување на трошоците на граѓаните на подрачјето на општина Гази Баба за купување на печки на пелети за 2022 година. За објавениот повик, градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски информираше на својата официјална страна на фејсбук на која напиша: Општина Гази Баба со цел да ги стимулира […]

Собранието ги усвои законските измени за покачување на пензиите


Собранието вечерва ги изгласа Законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување и Предлог на закон за изменување на Законот за Собранието на Република Македонија Со измените на Законот за пензиското и инвалидското осигурување се усогласува движењето на индексот на трошоците на живот во висина од 50 проценти и пораст на […]

Ивановскa: Веднаш да престане продажбата на државно земјиште


Претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата Билјана Ивановска бара веднаш да престане продажбата на државно земјиште. Според неа, најголем проблем во оваа насока е како се прават деталните урбанистички планови, бидејќи тие, како што нагласува, го отсликуваат јавниот интерес кој што општината треба да го спроведе во својот дел. -Која е целта на […]

Од утре нула проценти ДДВ за основните производи за исхрана


Сите маркети кои продаваат леб, брашно тип -400, млеко со масленост од 2%, 3,2% и 3,5 % масленост, бел шеќер, сончогледово масло, месо и други кланични производи за јадење, бел ориз, и јајца ќе мора најдоцна до утре 17 март 2022 година да ги прилагодат фискалните апарати, соопштија од Управата за јавни приходи. Ова значи […]

Нови 328 случаи на КОВИД -19 од 2.535 тестирани, починале четири лица


Во изминативе 24 часа се регистрирани нови 328 случаи на КОВИД-19, од направени 2.535 тестови. Починало едно лице, а дополнително се пријавени три починати лица во период од 9 март до 12 март. Како што информира Министерството за здравство согласно податоците од Институтот за јавно здравје, оздравени се 237 пациенти.   Од Министерството за здравство […]

Прекинат бојкотот на машиновозачите, се нормализира железничкиот сообраќај


Патничките и товарните возови од попладне повторно ќе сообраќаат. Прекинат е бојкотот на машинскиот и извршниот персонал на Железници Транспорт на Република Северна Македонија АД Скопје на кои денеска им се исплатени материјалните трошоци за минатиот месец, што беше причина за прекинот на  железничкиот сообраќај од вчера во 15 часот, потврди за МИА Тони Димовски, […]

Цела недела ќе се собира кабаст отпад во Кисела Вода


Следната недела, од  21.03.2022 (понеделник) до 27 март (недела), ќе се одвива акција за подигнување на кабаст отпад во Општина Кисела Вода. Преку сорaботка со ЈП ,,Комунална хигиена” која ќе постави специјални садови за кабаст отпад на неколку локации, граѓаните ќе можат да го остават, по што тој бесплатно ќе биде подигнат и транспортиран на […]

Случај лифтови: Фирмата од Битола не е „фантомска“, постои 30 години


  БИТОЛА – Фирмата за лифтови, која вчера беше спомната како „фантомска“ од Антикорупциската комисија, ги негира овие наводи. „Сервис Дака“ од Битола не е фантомска фирма, туку опстојува цели 30 години во бизнисот со лифтови, велат од таму за „Независен“. Според нејзиното портфолио, „Сервис Дака“ проектира, монтира, сервисира и одржува лифтови, а произведува и […]