Американската амбасадорка Брнз во Бигорски


 

Во посета на македонското древно светилиште „Свети Јован Крстител”, попознато како Бигорски манастир, денеска беше американската амбасадорка Кејт Мери Брнз. На средбата со iгуменот, eпископот Партениј, таа ја поздрави одлуката на Вселенската патријаршија да го признае канонскиот статус на МПЦ-ОА.

Амбасадорката на САД се запозна со манастирскиот живот во Бигорски, посетувајќи ја и библиотеката.

„На срдечната средба во работната одаја на Старецот, тој и амбасадорката разговараа за манастирскиот живот и за севкупната евангелска и социјална мисија на Братството. Притоа, високата претставничка на САД искрено честиташе и го поздрави актот од 9 мај на Светиот синод на Вселенската патријаршија,  според кој нашата Црква е примена во евхаристиско и канонско единство со сиот православен свет“, стои во објавата на Бигорски.