Во Градскиот парк во Битола искршени млади дрва и украдени садници од борчиња 


 
БИТОЛА – Вандализмот царува во Градскиот парк и Шеталиштето во Битола. Ноќеска се искршени млади дрвја и на среде стебло преполовени, а украдени се и  нови садници од борчиња. Ова не е прв пат да се уништуваат дрвја и садници во Градскиот парк и на Шеталиштето во Битола, туку многу често се „удира“ по зеленилото и спомениците на паднатите борци. 
 
Битолчани кои утрово пешачеа низ Паркот беа вџашени од глетката, особено што младите дрвја од дрворедот на Шеталиштето се замена за старите и веќе искорнати и со нетрпение се чека да пораснат за да направат сенка на пешачките патеки.
 
Во истот време ноќеска се откорнати и десетина садници од млади борчиња во кружните аранжмани на Паркот.
 
Пред некоја година „домаќинки“ од Битола интензивно  корнеа и крадеа борчиња и садници со темјанушки од цветните леи во Битола. Нивната авантура замре кога битолчани почнаа да ги објавуваат снимките од  камарите поставени на нивните објекти и кога почнаа јавно да ги објавуваат на социјалните мрежи. (А.Б.)