СДСМ вели дека секретарот на Град Скопје во исто време е и советник во Чаир


Фото: Б. Грданоски
 
Владејачката СДСМ, која е опозиција во Советот на Град Скопје, побара од Антикорупциската комисија да го испита случајот во кој актуелен советник во општина Шаир е именуван и за секретар на Град Скопје. Според СДСМ, тоа е непочитување на законските прописи, затоа што двете функции се нспојливи.
 
„Данела Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ незаконски го именуваат за аекретар на Градот Скопје, Ѓоко Велковски кој што истовремено е и член на Советот на Општина Чаир, непосредно избран од страна на граѓаните на последните локални избори. Тоа значи дека Велковски зема и две плати, една од 50.000 денари како секретар и уште една од околу 18.000 денари како советник.
 
Ова не е само неетички, туку е и спротивно на чл.44 од Законот за спречување на корупција и судир на интереси , каде во ставот 2 се вели:
 
Функцијата претседател на државата, претседател на Владата, министер, пратеник, член на совет, градоначалник, судија, јавен обвинител, јавен правобранител, народен правобранител и други функции кои ги избира или именува Собранието, Владата или органите на локалната самоуправа се неспојливи една со друга. 
 
Ја повикуваме Државната комисија за спречување на корупција да постапи за непочитување на законите, прописите и правилата за неспоивост на функции“, вели СДСМ.
 
Тие го повикаа Велковски веднаш да си даде оставка и да не чека постапка од Антикорупциска.