Реновирано училиште во Студеничани со јапонска помош


 Амбасадорот на Јапонија,  Хиронори Савада, учествуваше на церемонија за комплетирање на проект во Општина Студеничани, во рамките на Јапонската програма за мали грантови за основни потреби и човекова безбедност. Проектот за подобрување на училишната средина во основното училиште „Алија Авдовиќ“ во селото Батинци во Општина Студеничани овозможи училиштето да биде целосно обновено со нови прозорци и врати, со вкупен износ од 57.633 евра. Ова е втора донација преку оваа програма за Општина Студеничани.

Преку проектите од програмата за мали грантови (GGP), Јапонија има финансирано реновирање и набавка на опрема за повеќе од 70 училишта и градинки, 57 здравствени установи и обезбеди 31 специјализирано возило за управување со отпад и комунални услуги за 49 општини.