Пролетната акција за чистење се сели во Центар


Градот Скопје заедно со градските јавни претпријатија и во координација со Општина Центар вчера ја почнаа големата пролетна работна акција на подрачјето на општина Центар. Екипите координирано до крајот на неделава на терен ќе спроведуваат активности за машинско и рачно метење и миење на булеварите и на улиците, дезинфекција на контејнерите, собирање кабаст отпад, санирање […]

Четврток и петок стабилно и топло, за викенд повторно нестабилно со пороен дожд, засилен ветер и град


Утре се очекува изолирана појава на локална нестабилност со пороен дожд и грмежи. Во следните два дена времето ќе биде стабилно и топло, а во деновите од викендот ќе има појава на нестабилна облачност проследена со пороен дожд и грмежи. Особено нестабилно ќе биде во сабота кога процесите локално ќе бидат поинтензивни во форма на […]

Формирана работна група за штрајкот на вработените во УВМК


Разговаравме со директорот на Управата за водење матични книги (УВМК) нешто договоривме и формиравме работна група која работи на надминување на проблемот и верувам дека ќе имаме резултати на тој план, информира министерот за правда Никола Тупанчески на денешната прес-конференција одговарајќи на прашање поврзано со штрајкот на Управата за водење на матични книги. Министерот појасни […]

Барањата на осудените лица од Диво Насеље кои штрајкуваат со глад се разгледуваат, Косово бара екстрадиција на дел од нив


 Доколку се утврди дека осудени лица за настаните во Диво Насеље, кои штрајкуваат со глад не ги добиваат правата што им следуваат со закон, ќе биде соодветно реагирано, изјави денеска министерот за правда Никола Тупанчевски. Коментирајќи го овој случај министерот Тупанчевски, нагласи дека тие внимателно ги разгледуваат нивните барања. – Директорот втор пат стапи во […]

Поделени 1.500 витамински сирупи на „Алкалоид“ на децата од градинките во Кисела Вода


Донација од 1.500 сирупи за подигнување на имунитетот кај децата во градинките обезбеди општина Кисела Вода од ,,Алкалоид” АД Скопје. Денеска, преку Секторот за образование и предучилишно воспитување, им беа доставени на сите градинки кои се во надлежност на оваа локална самоуправа. Сирупите, потоа ќе ги подигнат родителите кои се пријавиле дека сакаат ваков суплемент […]

„Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“ – кампања за важноста на инклузивното образование и вклученост на децата со попреченост


Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ од 5 до 15 мај го спроведува проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“. Овој проект е наменет за кревање на јавната свест за важноста на инклузивното образование и вклученоста на децата со попреченост во редовните основни училишта. – Како дел од кампањата изработени се три […]

Презентација на првата Мијаваки шума на Институтот за патофизилогија и нуклеарна медицина


Презентација на првата Мијаваки шума во државата (мали урбани шуми кои даваат три пати повеќе зеленило од вообичаените насади) ќе се одржи денеска во дворот на Институтот за патофизилогија и нуклеарна медицина (ИПНМ). Како што соопшти Институтот, таа е донација на невладината организација „Зелена планета за сите“. Во посета на Институтот за патофизиологија и нуклеарна […]

Сончево и топло, попладне пороен дожд и ветер


Времето денеска претпладне ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, а веќе попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 19 до 27 степени. Во Скопје слично време со минимална […]

Во изминатите три дена нови 159 случаи на КОВИД-19, починати три лица


Во последните три дена од 6 до 9 мај, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, направени се 2.777 тестови, а регистрирани се 159 нови случаи на КОВИД-19, од кои 25 се реинфекции. Регистрирани се 225 оздравени лица, а пријавено е едно починато лице и дополнително согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од […]

Вселенската Патријаршија ја призна нашата Црква Охридската Архиепископија за канонска


Со одлуката на денешното заседание на Светиот Синод на Вселенската Патријаршија, возглавен од Неговата Сесветост, Патријархот Вселенски г. г. Вартоломеј, се отстранува повеќедецениската шизма наложена врз нашата древна Охридска Архиепископија, возобновена во лицето на МПЦ. Тоа значи дека Вселенската Патријаршија ја признава црковната јерархија предводена од Архиепископот Стефан за канонска и валидна во сеправославниот свет […]

Владата ги објави платите на премиерот и на министрите


Владата ги објави платите на премиерот и на министрите. Според објавените податоци, премиерот Димитар Ковачевски зема плата од вкупно 88.260 денари, при што основицата е 78.896 денари, додека, пак, за минат труд претседателот на Владата добива 9.364 денари, а има стаж 23 години. Според висината на платата, по премиерот следува министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, […]

Бетонското игралиште во ОУ „Киро Глигоров“ ќе било изнајмено само на неколку часа


  ОУ „ Киро Глигоров“ Центар, Скопје во целост ги демантира информациите кои се поврзани со постапката за отстапување на користење на бетонското фудбалско игралиште во дворот на училиштето. „Потенцираме дека на бетонското фудбалско игралиште ќе нема поставување на никаков придружен објект, кој ќе се користи за други намени, како што известија дел од медиумите. […]

МТСП: Се укинуваат Ковид протоколите во градинките


Владата на редовната 42-ра седница ги прифати предлозите на Главниот координативен кризен штаб утврдени според препораките на Комисијата за заразни болести. Согласно овие предлози, Владата донесе заклучок според кој престануваат да важат сите рестриктивни мерки освен задолжително носење заштитни маски во здравтсвените установи, аптеките и во установите за згрижување возрасни лица и лица со попреченост. […]

Се реконструира пешачкaта патека на улица „Љубљанска“ во Карпош


Екипи на ЈП „Улици и патишта“ по налог на Град Скопје деновиве почнаа со реконструкција на оштетената пешачка патека на улицата „Љубљанска“ во Општина Карпош. Пешачката патека се реконструира на површина од 2300 квадратни метри, во насока од булевар „Партизански одреди“ до булеварот „Илинден“.   Во рамките на градежните активности, досега е завршен потегот на […]

КСЗД: Исклучувањето на девојчето од Гостивар е најтежок облик на дискриминација


Половина од сите претставки кои во првите три месеци од 2022 биле поднесени до Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) биле од областа на јавно информирање и медиуми и најчесто се поради вознемирување на социјалните мрежи, а најтежок облик на дискриминација во првиот квартал од годинава е случајот со 11-годишната ученичка со посебни […]

Никола Спировски освои златен медал на Балканската математичка олимпијада


На овогодишната Балканска математичка олимпијада македонскaта репрезентација за прв пат во историјата на Македонија постигна златен медал со кој се закити репрезентативецот Никола Спировски. Покрај златниот медал, репрезентацијата се закити и со два сребрени медали на Дамјан Давков и Јан Стојановски, еден бронзен медал на Алексиј Тасиќ и две пофалници кои ги освоија Јасна Илиева […]

Тренчевска: Социјалните услуги достапни во местото на живеење на граѓаните


Министерството за труд и социјална политика почна процес на реформирање на социјалната заштита, со цел реализирање на процесите на деинституционализација, децентрализација и плурализација во доставата на социјални услуги, соопшти министерката Јованка Тренчевска на работилницата „Развој на социјални услуги на регионално ниво“, организирана од Скопскиот плански регион и Програмата за развој на ООН. Како што информира […]

Во јуни продолжува изградбата на пругата кон Бугарија


  Во втората половина на следниот месец ќе продолжат градежните работи на пругата кон Бугарија, со активности на првите две делници, за кои се заокружува тендерската постапка за избор на изведувач, уверува директорот на ЖРСМ – Инфаструктура, Хари Локвенец. Според Локвенец, се почитуваат најавените рокови и реално е да се очекува железничкото поврзување на Скопје […]

Сообраќајната полиција подновена со 10 возила, донација од РСБСП


Десет возила „дачиа сандеро“ денеска беа донирани од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата на Министерството за внатрешни работи за потребите на сообраќајната полиција со кои ќе се подобрат нејзините капацитети за контрола на патниот сообраќај, а со тоа и на безбедноста на сообраќајот на патиштата. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на […]

Ковачевски: Во антифашистичка војна македонскиот народ избра да гради држава за сите и на сите, како што е сега ЕУ


Изборот на македонскиот народ заедно со сите други народи беше македонската држава да биде создадена како дом на слободата за сите нејзини граѓани, без исклучок, држава на сите и за сите, како што е денеска ЕУ, напредна и прогресивна. затоа имаме силни големи причини да славиме и да бидеме дел од прославите ширум Европа, да […]