Владина делегација предводена од премиерот Ковачевски положи цвеќе на споменикот „Ослободители на Скопје“


Делегација на Владата на Република Северна Македонија, предводена од премиерот Димитар Ковачевски, кој беше придружуван од министерката за одбрана Славјанка Петровска, од министерот за локална самоуправа Горан Милевски и од заменик-министерот за правда Агим Нухиу, положи цвеќе пред споменикот „Ослободители на Скопје“ во дворот на Владата по повод 9 Мај – Денот на победата над […]

Бешлиоска: Да се подобрат условите за работа на медицинските сестри и да се спречи нивниот одлив


Унијата на здруженија на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри (ЗМСТАС), предводена од Здружението „За нас“. бара подобрување на условите за работа на медицинските сестри, спречување на нивниот одлив и зголемување на нивното задоволство, а со тоа и на нивното достоинство. – Бараме унифициран договор за сестрите од примарното здравство кои се во концесинерските […]

Утре попладне пороен дожд, грмежи и засилен ветер


 УХМР најавува дека утре попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималните утрински температури ќе се движат од 3 до 8 степени, а максималните дневни од 16 до 27. Следните денови ќе преовладува сончево и топло време, во попладневните часови со ретка појава на краткотраен пороен дожд и […]

Почна кампањата „Зголемување на безбедноста на железничките премини“


Во СУГС „Владо Тасевски“ во Скопје денеска почна кампањата „Зголемување на безбедноста на железничките премини“, заедничка активност на министерствата за транспорт и врски и за внатрешни работи, Секретаријатот на транспортната заедница на Европската комисија и ЖРСМ Инфраструктира. Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски истакна дека Денот на Европа, заедно со министерот за внатрешни работи Оливер […]

Одбележување на Денот на Европа под слоганот #ThinkForward


Делегацијата на Европската Унија заедно со Европската куќа го одбележуваат 9 Мај Денот на Европа 2022 година преку низа активности организирани под слоганот #ThinkForward. Како што соопшти Делегацијата на ЕУ во земјава, со оглед на тоа што 2022 година е Европска година на младите, програмата вклучува голем број активности кои се посветени ним и кои […]

Сончево со мала до умерена облачност


Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во планинските подрачја на северозапад ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен североисточен, а во југоисточните делови југоисточен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 20 до 27 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде […]

Продолжуваат преговорите меѓу СОНК и МОН за уште десет дена


Самостојниот синдикат за образование, наука и култура – СОНК и Министерството за образование и наука (МОН) на денешната онлајн средба се договорија преговорите меѓу СОНК и МОН да продолжат за уште десет дена. Како што соопшти СОНК, на средбата, неминовен бил заклучокот дека двете страни на колективниот работен спор имаат потреба од поголем временски период […]

Отворена изложбата на украинската амбасада „XXI век. Европа. Непростливо злосторство“


По повод 8 мај, Денот на сеќавање и помирување денеска во Музејот на македонската борба беше отворена изложба на фотографии насловена „XXI век. Европа. Непростливо злосторство“ во чест на жртвите од Втората светска војна (1939-1945) и Руската војна против Украина од 2022 година. Изложбата, која е реализирана од страна на Украинската амбасада, Украинците и Музејот […]

(Фото галерија) Навала од граѓани на Стенковец, се дружеа со авионите на НАТО


  Северна Македонија како домаќин на најголемата и сложена НАТО вежба, уште еднаш покажува дека нашите армиски капацитети се подготвени и оперативно да одговорат на операции, како и сите наши сојузнички армии, нагласи премиерот Димитар Ковачевски на денешниот Отворен ден за приказ на воздухоплови, што се одржа на спортскиот аеродром „Стенковец“ во Скопје во рамки […]

Промовирана нова услуга за транспорт на стари лица и лица со инвалидитет


Црвениот крст на Град Скопје од 15 мај 2022 година ќе започне со услугата превоз на лица со посебно опремени наменски возила, наменета за стари и лица со инвалидитет. – Со овој проект со наменски возила се врши превоз на лица, кои не се во можност, самостојно да обезбедат превоз за користење на здравствена, социјална, […]

Директорката на Европол порачува: Треба да се следат парите на криминалците


 Животната средина и областа на криумчарење мигранти се сфери во кои Европол има најдобра соработка со полицијата на Северна Македонија. Потребно е поголемо инвестирање и зајакната соработка во областите на економскиот и финансискиот криминал, порача во интервју за МИА извршната директорка на Европската агенција за спроведување на законот – Европол, Катрин де Бол. -За да […]

“Фантомите“ и хеликоптерите од воената вежба денес можат да се видат на Стенковец


На спортскиот аеродром „Стенковец“ во Скопје денеска ќе се одржи Отворен ден за приказ на воздухоплови кој е дел од вежбата „Swift Response 22“ која во моментов е во тек на армискиот полигон „Криволак“. На Отворениот ден ќе присуствуваат премиерот Димитар Ковачевски, министерката за одбрана Славјанка Петровска, началникот на Генералштабот, генералот Васко Ѓурчиновски, амбасадорката на САД […]

Свечен настан и изложба во чест на жртвите од Втората светска војна и војната во Украина


Свечен настан во чест на жртвите од Втората светска војна (1939-1945) и Руската војна против Украина од 2022 година ќе се одржи денеска во Музејот на македонската борба, соопшти Амбасадата на Украина. Во рамки на настанот ќе биде отворена изложба на фотографии „XXI век. Европа. Непростливо злосторство “. – Ние, Украинците, се сеќаваме каква страшна […]

Родителите утре излегуваат на протест-игралиштето во „Киро Глигоров“ да остане на учениците


Родителите на учениците во основното училиште „Киро Глигоров“, во скопски Капиштец утре најавија протест против, како што велат комерцијалното отуѓување на игралиштето. -При донесувањето на одлуката и потпишувањето на договорот со фирмата „Форца“ правно е прекршена законската регулатива и заобиколено е мислењето на родителите. Со ваквата назаконски донесена одлука и ништовен договор, им се одзема […]

Одбележан 7 Мај – Денот на македонската полиција


Денеска со пригодна свеченост во Делчево, во присуство на државниот врв, дипломатскиот кор, локалната самоуправа, раководството на Министерството за внатрешни работи и гости, се одржа Централната прослава за одбележување на 7 Мај – Денот на македонската полиција. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во своето поздравно обраќање пред присутните честитајќи го празникот на полицијата истакна […]

Годишно неизборно собрание на ЗНМ: Како  да се подобрат условите за работа во медиумите


Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) денеска го одржа годишното неизборно собрание. Претседателот на ЗНМ, Младен Чадиковски во своето обраќање потсети на сработеното и спроведените проекти, како и заложбите за подобрување на условите на медиумските работници. – 2021 беше уште една година на предизвици за новинарството, во отежнати услови за работа и здравствена криза поради пандемијата на […]

Следете ги парите на криминалните организации, е пораката од извршната директорка на Европол до македонската полиција


Македонската полиција е веќе на високо ниво во соработката со Европол. Сега треба да се утврдат следните чекори и да се следат парите на криминалните организации, е пораката што ја упати во интервјуто за МИА извршната директорка на Европската агенција за спроведување на законот – Европол, Катрин де Бол. Таа потенцира дека соработката е многу […]

Во недела посебен сообраќаен режим во Скопје


Поради уличната трака насловена „Халк Еко Скопје трча 10К“, организирана од страна на Сојуз на спортови на Скопје, утре ќе биде воведен посебен сообраќаен режим во Општина Центар, од 8:30 до 10:30 часот. – Натпреварувачите ќе се движат по бул.„Илинден“ до крстосница со ул.„Никола Парапунов“, лево во продолжение до крстосница со бул.„Партизански Одреди“, десно (во […]

Првата дама Ѓоргиевска учествуваше во подготовката на храна за социјално ранливите категории


Во дворот на резиденцијата на претседателот вчера се организираше готвење на оброци заедно со иницијативата Ретвитни оброк.  Оброците се наменети за нашите сограѓани од социјално ранливи категории, на кои Ретвитни оброк со години им помага за полесно да ги поминат тешките денови. Вообичаено оброците се готват во петок, а во сабота им се делат на […]

Поради дефект дел од Општина Центар денеска без вода


Поради дефект на водоводна цевка со пречник од 80 милиметри на крстосницата меѓу улиците „ Аминта Трети“ и „Наум Наумовски Борче“ во Општина Центар денеска од 9:00 часот со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците на улицата „Аминта Трети“ на потегот од улицата „Пиринска“ до булеварот „Партизански одреди“ и делот од улицата „Наум Наумовски […]