Објавена листа на 20 земји во кои најбрзо опаѓа бројот на жителите. Бугарија е прва, Македонија е на 18. место
На порталот „Visualcapitalist“ вчера беше објавена студија за 20 земји во светот чие население најбрзо опаѓа. Македонија е на дното од табелата, на 18. место, иако нам ни се чини дека иселувањето и намалениот наталитет кај нас се највисоки. Бугарија е на чело на оваа листа, Србија е на петтото место, а по неа се БиХ и Хрватска. На десеттот место е Албанија. Интересно е и тоа што повеќето земји на оваа листа се наоѓаат во Источна Европа.
Следната табела ги рангира земјите според стапката на опаѓање на населението, врз основа на проектираните промени меѓу 2020 и 2050 година, како и користејќи податоци на Обединетите нации.
- Бугарија 22,5%
- Литванија 22,1%
- Латвија 21,6%
- Украина 19,5%
- Србија 18,9%
- БиХ 18,2%
- Хрватска 18,0%
- Молдавија 16,7%
- Јапонија 16,3%
- Албанија 15,8%
- Романија 15,5%
- Грција 13,4%
- Естонија 12,7%
- Унгарија 12,3%
- Полска 12,0%
- Грузија 11,8%
- Португалија 10,8%
- Македонија 10,9%
- Куба 10,3%
- Италија 10,1%
Како што е наведено, многу од овие земји се наоѓаат во Источна Европа, поради неколку причини.
Прво, проблемот е наталитетот, кој според Институтот Петерсон за меѓународна економија (PIIE) е намален по распадот на Советскиот Сојуз. Во целиот регион, просечниот број на деца по жена падна од 2,1 во 1988 година на 1,2 до 1998 година.
Стапката на наталитет е малку подобрена оттогаш, но не доволно за да се надомести смртноста и емиграцијата, што се однесува на граѓаните што ја напуштаат својата земја за да живеат на друго место.
Источна Европа доживеа неколку бранови на емиграција по проширувањето на границите на Европската унија во 2004 и 2007 година. PIIE известува дека до 2016 година, 6,3 милиони источноевропејци живееле во други земји на ЕУ.