Сончево и топло, попладне со можност за краткотрен пороен дожд


Времето во земјава ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени. Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до […]

Астрономски календар


Денеска е среда, 11 мај 2022 година, 127-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 238 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 19 минути, а ќе зајде во 19 часот и 41 минути. Денов трае 14 часа и 22 минути. Месечината, која е во фаза на прва четвртина, ќе изгрее […]

Нема продолжување на учебната година


Нема продолжување на учебната година во средните училишта, заклучи  Владата на денешната седница на која  донесе одлука за утврдување на бројот на наставните денови во учебната 2021/2022 година во средните училишта. -Со оваа одлука се утврдува дека бројот на наставните денови во тековната учебна година во средните училишта изнесува 146 наставни денови, односно дека нема […]

МТСП: Започнува интезивна работа на новиот закон за работни односи


 Министерството за труд и социјална политика од утре започнува со интезивна работа на новиот закон за работни односи, со цел креирање на нов системски закон кој ќе одговори на потребите на едно современо општество. -Во подготовката на новиот закон за работни односи, ќе учествуваат сите чинители во општеството, претставници на работниците, работодавачите, Меѓународната организација на […]

Петровска во посета на припадниците на Армијата во Кампот за обука на вода во Охрид


Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска во Охрид ги посети припадниците на Армијата во Кампот за обука на вода, кој е дел од армискиот Центар за поддршка на обуката во Командата за обука и доктрини. Како што соопшти денеска од МО, Петровска на средба со командирот на Кампот, потполковникот Ванчо Ташев упати порака дека инвестирањето […]

Зоолошката во Скопје на мета на разбојници


Зоолошката градина во Скопје, во последниод месец регистира неколку неовластени влегувања ноќе, како и обид за ограбување на благајната.    Како што појасни директорот Кристијан Стаменов, прво  на 10.04.2022 поединци направиле неовластен влез на група од дванаесетина луѓе, петнаесет минути пред затворање на градината. Истото е уредно пријавено и се повикани претставници од Министерството за внатрешни работи за увид во […]

Српски црковен аналитичар: Вартоломеј разбојнички упадна во СПЦ


  Зоран Чворовиќ, професор на Правниот факултет во Крагуевац, по повод одлуката на Вселенскиот патријарх Вартоломеј за признавање на  Македонската православна црква рече дека само Српската православна црква (СПЦ) има право да дава автокефалност на некои нејзини организациски единици. Во изјава за агенцијата Бета, Чворовиќ рече дека Вартоломеј „разбојнички упаднал на канонската територија на СПЦ“ […]

Камчев како Кичеец – стана жител на Охрид за да лежи една година во затворот во Струга


  Затворот во Струга, кој е од полуотворен тип, веројатно ќе биде установата каде што Орце Камчев и Ненад Јосифовиќ ќе ја одлежат казната од една година по спогодбата за случајот „Империја“. Тие ги смениле адресите на живеење од Скопје во Охрид за да може да добијат нов упатен акт за издржување на казната. „До […]

Нови 115 заболени од Ковид-19 и 99 оздравени пациенти


Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 1.652 тестови, а регистрирани се 115 нови случаи со Ковид-19 и 99 оздравени пациенти. Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица. Согласно регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој Термин“ дополнително не се регистрирани починати лица, […]

По одлуката на Цариград Ковачевски отиде кај архиепископот Стефан


  Премиерот Димитар Ковачевски денеска оствари средба со архиепископот Охридски и Македонски и поглавар Македонската православна црква – Охридска архиепископија г.г. Стефан. На средбата Ковачевски упатил честитки за одлуката на Светиот синод на Вселенската патријаршија со која Македонската православна црква – Охридска архиепископија се прима во евхаристичко заедништво со останатите православни цркви. Според Ковачевски станува […]

Институтот за патофизиологија и нуклеарна медицина доби мијаваки урбана шума


На Институтот за патофизилогија и нуклеарна медицина денеска беше отворена мијаваки шума, прва од таков вид, донација на невладината организација „Зелена планета за сите“. Станува збор за урбани шуми кои даваат три пати повеќе зеленило од вообичаените насади. – Заменик-министерката за заштита на животна средина и просторно планирање Христина Оџаклиеска нагласи дека минатата година преку […]

Рокот за доставување на ракописи за издавање на учебници за основно образование е до 20 мај


Министерството за образование и наука информира рокот за доставување на ракописи во рамки на конкурсот за издавање на учебници за предмети од прво, второ, четврто и петто одделение во деветогодишното основно образование за кои се изработени нови наставни програми е продолжен до 20 мај. Сите останати конкурсни услови остануваат непроменети.    Право на учество на […]

Просторот спроти „Блок кафе“ во Аеродром ослободен за пешаци


Заштитни столпчиња се поставени спроти „Блок кафе“ во Стар Аеродром, со што конечно тротоарот и целиот простор кој често беше заземан од непрописно паркирани возила е оспособен за слободно движење на пешаците и велосипедистите. Изминатиот период се поставени заштитни столпчиња на повеќе локации низ Аеродром со што се зголеми безбедноста на сите учесници во сообраќајот. […]

Грковска во Естонија по искуства за процесот на дигитализација


  Вицепремиерката за политики за добро владеење Славица Грковска, е во Естонија во прибирање искуства за извонредно успешниот начин на дигитализацијата на тамошното општество. Таа денеска оствари средба со директорот на естонскиот Центар за регистри и информациски системи Риво Рајтман, со кој разменија информации за процесот на дигитализација на општеството, но и за интероперабилноста на […]

Почнува работата на нов Изборен законик


   Во текот на оваа и идната недела ќе го започнеме процесот на подготовка за донесување на нов Изборен законик, информира денеска на прес-конференција министерот за правда Никола Тупанчески. Како што појасни Тупанчески, тоа значи дека ова е консеквенција на тоа што се случуваше во 2015 година, кога беше формирана меѓуресорска работна група и која […]

Акредитацијата за сертификати за квалитетот на отпадните води проширена со пет нови методи


Централната лабораторија за животна средина при Министерството за животна средина и просторно планирање ја прошири акредитацијата со добивање сертификати за уште пет нови методи за мерење на параметри, со кои се определува квалитетот на отпадните води. Како што информираат од Министерството, новодобиените акредитации опфаќаат тестирање на отпадни води за количеството на амониум јони, сулфати, хлорид, […]

Наставниците едвај забележуваат булинг во училиштата


Има значителните разлики меѓу перцепцијата на учениците и перцепцијата на наставниците за постоењето на говор на омраза и дискриминација во училиштата, имено перцепцијата на наставниците за постоење на овие феномени во училиштатата е значително пониска, стои во извештајот на Институтот за човекови права кој од декември 2021 година до февруари 2022 година спроведе анкета со […]

СДСМ бара пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да се откажат од платите кога веќе блокираат


  Ако веќе од денес спроведуваат активна блокада на Собранието тогаш пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата треба да се откажат и од платите, бара владејачката СДСМ. „Задача на пратениците е да ги застапуваат интересите на граѓаните кои ги избрале, да носат законски решенија кои се во интерес на граѓаните и државата. Пратениците кои го бојкотираат […]

Пролетната акција за чистење се сели во Центар


Градот Скопје заедно со градските јавни претпријатија и во координација со Општина Центар вчера ја почнаа големата пролетна работна акција на подрачјето на општина Центар. Екипите координирано до крајот на неделава на терен ќе спроведуваат активности за машинско и рачно метење и миење на булеварите и на улиците, дезинфекција на контејнерите, собирање кабаст отпад, санирање […]

Четврток и петок стабилно и топло, за викенд повторно нестабилно со пороен дожд, засилен ветер и град


Утре се очекува изолирана појава на локална нестабилност со пороен дожд и грмежи. Во следните два дена времето ќе биде стабилно и топло, а во деновите од викендот ќе има појава на нестабилна облачност проследена со пороен дожд и грмежи. Особено нестабилно ќе биде во сабота кога процесите локално ќе бидат поинтензивни во форма на […]