Се чистат депонии низ Аеродром


Заедно со службите на ЈП ,,Комунална хигиена” – Скопје, утрово почна големата акција за чистење на деловите од Општина Аеродром на кои во изминатиот период забележавме поголема концентрација на отпад.

Акцијата стартуваше утрово од Долно Лисиче, Горно Лисиче, Населба Лисиче, Ново Лисиче и Реонски центар, а ќе трае во текот на целата недела и ќе ги опфати сите делови на општината. Предвидено е да се чистат сите помали депонии што се создаваат во и околу контејнерите, а претставуваат грда слика за општината.

– Уште еднаш апелираме до граѓаните својот кабаст, крупен и друг вид отпад да го оставаат на точно определени локации и притоа да се избегнува фрлање отпад на тревниците и на други јавни површини кои се за други намени – информираат од општина Аеродром.