Град Скопје формира Комисија за унапредување на правата на пациентите


Пациентите сега ќе моќат да поднесат поплака до Комисијата за унапредување на правата на пациентите, што денеска ја формира Советот на Град Скопје.

Советниците од ВМРО-ДПМНЕ сметаа дека оваа комисија требало одамна да се формира и обвинија дека оваа комисија не се формирала со цел да не се наштети на мерките на министерот носени за време на корона-кризата.

Во новофоримраната комисија учествуваат тројца советници од Советот на Град Скопје и осум други членови кои конкурираа на огласот што го објави Градот Скопје.

Комисијата се состои од единаесет члена, и тоа: двајца претставници на пациентите
членови на здруженијата на пациентите, двајца претставници на невладините
организации што се занимаваат со човековите права и граѓанските иницијативи, еден
претставник од здружение кое се занимава со правата на жените, еден претставник од здруженијата за заштита на правата на лицата со попреченост, двајца лекари од
општините и тројца членови делегирани од Советот на општината, односно градот
Скопје.

Членовите на комисијата за унапредување на правата на пациентите не смеат да бидат вработени во здравствените установи во кои се укажува здравствена заштита. Мандатот на членовите на комисијата е две години, со право на уште еден последователен избор.

Оваа комисија, меѓудругото има обврска да разгледува поплаки на пациентите и да предлага мерки за подобрување на заштитата на правата на пациентите до надлежните органи.

Пријавувањето за членови на комисијата заврши на 27 октомври лани.