Треба да се постапува по физичкиот напад на Боки 13


Министерот за правда Никола Тупанчевски рече дека треба да се постапи во однос на настаните што се случија во затворот „Идризово“ кога физички бил нападнале Бојан Јовановски – Боки 13 во кругот на затворот, каде тој ја издржува затворската казна. –Значи апсолутно треба да се постапи во однос на настаните што пред некој ден што […]

Почнуваат Деновите на медиумска писменост 2022


Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски ги отвори Деновите на медиумска писменост 2022 во кои јавноста од денеска до 1 ноември ќе има можност да присуствува на работилници, дебати, видео и панел дискусии, презентации, изложби и филмски проекции. На прес-конференцијата по повод претстојните Денови на медиумска писменост, директорот на Агенцијата, Зоран Трајчевски, информираше дека четврта […]

Само 11 нови случаи со Ковид-19, двајца починати, активни се 237


Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 248 тестови, а регистрирани се 11 нови случаи со Ковид-19 и 56 оздравени пациенти. Во текот на изминатите 24 часа, нема регистрирани починати лица. Согласно регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, регистрирани се две починати лица од Скопје. […]

Се подготвува закон за потекло на имотот, нацрт верзијата ќе биде готова наскоро


Министерот за правда Никола Тупанчески денеска изјави дека постојат инструменти и механизами за докажување и откривање на состојбата со незаконски стекнатиот имот. Очекува во најскоро време да биде готова првата драфт верзија на Законот за потекло на имот. –Очекувам во најскоро време да бидеме и ние, како Министерство за правда, не само запознаени, туку и […]

Тупанчевски: За 300 отсто зголемен бројот на граѓани кои добиле бесплатна правна помош


Последниот Извештај на Европската Комисија во однос на состојбите во правосудството во Северна Македонија ја отсликува состојбата во државата и тоа значи дека можеме да покажеме мало задоволство, би рекол, во однос на поместувањата на нештата во позитивна насока. Значи кога станува збор за независно судство, во Извештајот беше констатирано дека има поместување, изјави министерот […]

ДКСК го запре постапувањето за набавка на 200.000 кинески антиковид-вакцини со посредничка фирма од Хонг Конг


Антикорупциската комисија денеска на седница одлучи да го запре постапувањето по пријавата поднесена од ВМРО-ДПМНЕ за договорот на Владата за набавката на 200.000 вакцини против Ковид-19 од кинеската компанија „Синофарм“ во 2021 преку посредничка „фантомска“ фирма „Стабри интернешенл“ од Хонг Конг. -Иако во јавноста провејуваше дека ова е нелегално, реално во Македонија тогаш немаше законска […]

Антикорупциска ja запре постапката за 200.000 кинески вакцини, цената ќе била двојно повисока


  Антикорупциската комисија денеска на седница одлучи да го запре постапувањето по пријавата поднесена од ВМРО-ДПМНЕ за договорот на Владата за набавката на 200 000 вакцини против КОВИД-19 од кинеската компанија „Синофарм“ во 2021 преку посредничка „фантомска“ фирма „Стабри интернешенл“ од Хонг Конг.   -Иако во јавноста провејуваше дека ова е нелегално, реално во Македонија […]

МЦМС: Граѓаните со позитивни чувства кон лицата со посебни потреби, а со предрасуди кон ЛГБТ заедницата


Мнозинство македонски граѓани покажуваат позитивни чувства кон жените – 82,6 отсто, лицата со посебни потреби – 80,6 отсто и возрасните луѓе над 70 години – 80,3 отсто. Високи се вредностите – над 70 процентна поддршка и за младите под 30 години, христијаните, мажите, лицата со нарушена ментална состојба и муслиманите, покажуваат резултатите од последното истражување […]

Утре и задутре посебен сообраќаен режим во Скопје – доаѓа Урсула фон дер Лајен


Посебен режим на сообраќај ќе има во среда и во четврток (26 и 27.10.2022) во Скопје, соопшти МВР. Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека на 26 и 27.10.2022 година (среда и четврток), во официјална посета на Република Северна Македонија ќе пристигне претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен. Од  тие причини СВР […]

ССМ ја повика Данела да не шири паника


Сојузот на синдикатите на Македонија ја повика градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, да не шири паника со тврдењата дека е можно да се исклучи водата на скопјани. „Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска да не шири паника, туку да помогне во борбата за остварување на правата на работниците и да ги спречи оние кои ги прекршуваат, […]

Денеска може да го видите делумното затемнување на Сонцето од плоштад


Делумно затемнување на Сонцето може да се види денеска, вторник 25.10.2022.   Од Македонија, по подолго време ќе имаме можност да видиме делумно затемнување на Сонцето. Кај нас, Месечината ќе го прекрије дискот на Сонцето некаде околу 30-тина проценти. Настанот ќе почне околу 11.30 ч., максимумот на затемнувањето ќе се случи околу 12.30 ч., а […]

Населението на Македонија се топи, ретко се раѓа второ дете


Во 2000 година во Македонија се родиле 26.168 деца. Истата година починале 17.085 луѓе, што значи дека во таа година природниот прираст бил 9.083. Поразителен демографски податок е тоа што се случило со природниот прираст во наредните две децении, анализира Пари. Бројот на умрените постојано растел, а бројот на родените се намалувал. Кулминација се случила со […]

Стапија во сила законските измени за поедноставни процедури за фотоволтаици


 Граѓаните и деловната заедница ќе може да постават најбрзо и по најповолни услови фотонапонски електроцентрали за производство на струја. Стапија во сила измените на Законот за градење како дел од низата мерки за поддршка во услови на најголемата светска енергетска криза, информираат денеска од владината прес-служба. На овој начин, додаваат, се поедноставува процедурата за поставување […]

Утрово најстудено во Берово, најтопло во Виница и Крушево


Најстудено утрово беше во Берово каде се измерени два степени, во Битола се измерени три, во Тетово, Скопје-Петровец и Струмица пет, во Лазарополе и Демир Капија шест, во Скопје-Зајчев Рид, Крива Паланка, Штип, Гевгелија, Охрид, Претор, Куманово, Маврови Анови и Прилеп осум, во Дојран и Попова Шапка 11. Највисока температура од 12 степени беше измерена […]

Француската центристичка влада на Макрон преживеа две гласања за недоверба


  Центристичката влада на францускиот претседател Емануел Макрон преживеа две гласања за недоверба, кои пратениците од опозицијата ги иницираа затоа што протестираат против употребата на специјално уставно овластување за воведување предлог-закон за буџет во Собранието без гласање.   Левичарската коалиција Непокорни и екстремно десничарската партија Национален собир поднесоа два посебни предлога за гласање недоверба.   […]

ЕК: Земјата има остварено одреден напредок во Поглавјето 23 и е делумно подготвена


  Република Северна Македонија генерално има остварено одреден напредок во Поглавјето 23 во однос на минатата година и останува делумно подготвена за спроведување на законодавството на ЕУ и европските стандарди во областа на правосудството и основните човекови права. Европската комисија во најновиот Извештај за напредокот на земјава, посочува дека Имплементацијата на судската стратегија е во […]

„Каде одиме…?“ – изложба на Стефан Димовски


Во Домот на култура „Кочо Рацин“ во галерија „КО-РА“ во Скопје вечер ќе биде отворена самостојната изложбана уметникот Стефан Димовски насловена „Каде одиме…?“. -Светот на Стефан Димовски не престанува да нѐ изненадува, секогаш со еден нов изблик на колоратурна свежина, со сиот изблик на хроматска ведрина, со магичнoста на колажните структури и гамата преточена од […]

Сончево и релативно топло со мала локална облачност


Времето денеска ќе биде сончево и релативно топло со мала локална облачност. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска слаба магла. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Како што соопштија од УХМР, минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 23 до 28 степени. […]

На „Богородица“ се чека повеќе од еден час за влез во Македонија


На граничниот премин „Богородица“ вечерва времето за чекање за влез во државава е повеќе од еден час, информираат за МИА од Автомотосојузот на Македонија (АМСМ). Оттаму посочуваат дека слична е состојбата и на граничниот премин „Табановце“, а причината, како што велат, најверојатно е користењето на продолжен викенд од страна на граѓаните. бт/

Ковачевски за Денот на ОН: Солидарноста и заедништвото се најмоќното оружје за одржување на мирот


Солидарноста и заедништвото се најмоќното оружје за одржување на мирот и слободата во целиот свет, но и за справување со кризите пред кои човештвото е исправено, порача денеска на својот фејсбук профил премиерот Димитар Ковачевски, по повод 24 Октомври – Меѓународен ден на Организацијата на Обединетите нации. Тој напомена дека со одбележување на Меѓународниот Ден […]