Сали: Новиот Закон за здравство нема да ги присили оние кои не сакаат, да се вакцинираат


Комисијата за европски прашања ја одложи денешната седница на која требаше да се расправа по Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на население од заразни болести, кој кај населението предизвика различни коментари.

Министерот за здравство Беким Сали, денеска објаснуваше што ќе значи носењето на овој закон за целокупното население. 

– Тоа не се однесува на никаков тип на граѓани кои не сакат да се вакцинираат, меѓутоа ги освестуваме ги известуваме дека невакцинирањето по автоматизам не е право за движељње каде било и кога било. Сите ние сме дел од општество каде сносиме одговорност. Нашите определби за вакцинирање или невакцинирање,и кога Владата одлучува да има некаква забрана, или ограничување на движење. Ние со закон сме заштитени да донесеме одлуки за заштита на населението од заразни болести – вели Сали, пред конференцијата „Преку стратешко управување со погрешни информации и квалитетно медиумско известување, до поголема доверба во вакцините“.

Доколку Владата за време на епидемија одреди мерка, тоа значи дека таа мерка е со Закон покриена. Досега сите мерки на владата беа донесени по насока на  Министерство за здравство, на предлог пак, на Комисијата за заштита од заразни болести.

Доколку има епидемија на морбили, појаснува Сали, Комисијата за заразни болести може да донесе мерка за децата кои се во ризик, да не одат во градинка.

Сега засега, нема никаков ризик кон општото здравје на граѓаните, а тоа значи дека нема да се бараат сертификати за вакцинација, појасни министерот за здравство.

Во членот 28 се додава нова потточка со која се забранува влез во објекти на лица кои не се имунизирани или не поседуваат потврда за прележана болест.

Во член 29, пак, се додава нов член 29 а, којшто заради спречување на ширење на заразни болести дозволува Министерството да примени технолошки достигнувања како интернет платформи, паметни апликации, електронски услуги и слично, при што во однос на обработката на личните податоци се применуваат прописите од областа на заштита на личните податоци, како и соодветни технички и организациски мерки за да се обезбеди ниво на безбедност на личните податоци соодветно на ризикот.