Дезинформациите ја намалија довербата во имунизацијата и во здравството


Во ерата на дигитализација и исклучително брзиот пренос на вести и информации, глобален предизвик е справувањето со постојниот наплив на непотврдени информации и дезинформации. Точните и навремени информации се клучни за заштита на здравјето на децата како и на целокупната популација. Изминатиот период поради ковид-19 здравствениот систем се соочи со бројни предизвици, меѓу кои и одржување на високиот опфат со редовни вакцини согласно календарот за имунизација, паралелно со тоа постигнување што е можно поголем опфат за вакцинација против ковид-19,

Ова го истакна министерот за здравство Беким Сали на денешната конференција посветена на стратешко управување со погрешни информации и квалитетно медиумско известување, до поголема доверба во вакцините. Конференцијата е осврт на досегашните активност и на Македонскиот институт за медиуми, во партнерство со УНИЦЕФ и со здравствените власти, а со поддршка на УСАИД, за поставување систем за управување со погрешни информации и поддршка за квалитетно медиумско известување за вакцинацијата против Ковид-19 и редовната вакцинација на децата.

– Нашата тенденција е да не дозволиме да се наруши долгогодишната традиција на успешна имунизација, имајќи предвид дека навремената заштита е клучна особено за новороденчињата и децата од предучилишна возраст, порача министерот Сали.

На настанот свое обраќање имаше и заменик-претставникот на УНИЦЕФ, Артур Ајвазов кој посочи дека речиси 30 проценти од родителите во земјава ги сметаат информациите за вакцините како контрадикторни и збунувачки.

– Пред три години уживавме во високите стапки за вакцинација што беа до 95 проценти, а сега се враќаме назад за повторно да го постигнеме тој прогрес. Оттаму, ние мора да најдеме начин да ги слушнеме и грижите на родителите и соодветно да одговориме на нивните дилеми, вели Ајвазов.

Истражувањето на МИМ во период од јули-август 2022 година со цел да направи процена на перцепциите, ставовите и искуствата на медиумите и здравствените работници за јавна комуникација за вакцинацијата против КОВИД и редовната вакцинација на децата, министерот Сали вели дека за жал потврдуваат дека дезинформациите и погрешните перцепции имаат потенцијал да ја намалат довербата во однос на имунизација како и воопшто во здравствениот систем.

– Иако на глобално ниво се преземаат мерки за адресирање на дезинформациите на околу вакцинацијата, сепак станува збор за феномен што не се решава во краток рок, заклучи тој.