Валентин Груевски бара извинување од ВМРО-ДПМНЕ за искажани невистини


  Анкетниот лист е навремено доставен, а јас барам извинување за кажаните невистини, вели либерал-демократот Валентин Груевски директор на „Национални шуми”, кој објави како доказ фотографии за препорачаните пратки до ДКСК. „Вчера на прес-конференцијата еден од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, објави податок дека не сум го доставил мојот имотен лист и дека можеби ја кријам мојата […]

Тренчевска: Платите во градинките доцнат заради доцнењето во доставувањето на податоците


  Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска истакна дека исплатата на платите на вработените во градинките доцни заради доцнењето на градинките со доставувањето на податоците за платите поради покачувањето од 15 проценти. – Платите ги потпишав вчера. Доцнеа заради доцнењето на градинките со доставувањето на податоците за платите. Платите го подготвуваат стручните лица […]

По големиот пожар се обновува османлиската зграда на млинот „Жито Битола“


  БИТОЛА – Обновен е објектот на млинот „Жито Битола“ и однадвор по ништо не потсетува дека изминатата зима пламени јазици за малку што не ја проголтаа оставштината од Османлиите во конзулска Битола. Жолтата боја на фасадата и кафеавите декоративни елементи околу прозорците изведени со испад на тула, декоративните елементи по рабовите од зградата, како […]

Жителите со жив штит ќе го бранат знакот „❤️ Кисела Вода“, Арсовска го отстранува


Знакот „Кисела Вода“, односно неговото поставување и веднаш рушење предизвика лавина од реакции од жителите на оваа скопска општина. Според граѓаните овој знак, е поставен по примерот на голем број европски градови, и ќе ја разубавува општината, но за жал, тој веднаш беше отстранет. Светлечката табла е на барање на самите граѓани и како што […]

Oд ноември припадниците на Армијата ќе добијат покачување на платата од 2.000 денари


Припадниците на Армијата од ноември ќе добијат зголемување на платата во висина од 2.000 денари, потврдено е на средбата вчера во Министерството за одбрана на министерката Славјанка Петровска со првите луѓе на четирите синдикати во Министерството и Армијата. Како што соопштија од Министерството за одбрана, тоа значи дека со октомвриската плата која што ќе се […]

Сончево со слаб ветер


  Времето денеска ќе биде претежно сончево и релативно топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Во Скопје сончево со слаб до умерен северен ветер. Како што соопшто УХМР, ќе продолжи периодот на стабилно време, но со постепен пад на температурата која до сабота ќе се намали за околу пет степени. Во […]

Конференција „Војната во Украина и влијанијата на надворешни актери – безбедносни предизвици за Европа и регионот“


  Војната во Украина и влијанијата на надворешни актери – безбедносни предизвици за Европа и регионот е темата на денешната регионална конференција која ќе се одржи во Скопје, во организиација на Филозофскиот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј – Скопје и Фондацијата „Конрад Аденауер“. Дебатата има за цел да понуди платформа за размена на […]

Ако се задржи летното сметање на времето ќе се зголеми потрошувачката на енергија за 1,5 до 3,5 отсто, вели Владата


  Владата, на денешната седница заклучи да се пристапува кон примена на зимското сметање на времето, како што се применуваше и досега. Овој заклучок е донесен согласно сите анализи на Информацијата од Министерството за економија, во врска со можноста за продолжување на примената на летното сметање на времето. – Од прикажаната пресметка за потребна топлина […]

Прифатени договорите за признавање на дипломите на докторите, стоматолозите и архитектите од Западен Балкан


  Владата на 95-та седница ја разгледа и ја усвои Информацијата за склучување Договор за признавање на професионалните квалификации на докторите по медицина, докторите по дентална медицина и архитектите, во контекст на договорот за слободна трговија и го прифати усогласениот текст на Договорот. Овој Договор, како што соопшти владината прес-служба, ги опфаќа сите шест земји […]

Владата ја усвои информацијата за склучување на Договорот за слобода на движење со лични карти во Западен Балкан


  Владата на денешната 95. седница ја разгледа и ја усвои Информацијата за склучување на Договорот за слобода на движење со лични карти во Западен Балкан и го прифати усогласениот текст на Договорот. Договорот ги опфаќа сите шест земји од регионот и тоа Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија, во […]

Средба на претседателот Пендаровски со слависти и македонисти во Полска


Претседателот Стево Пендаровски, денеска во Варшава во рамки на официјалната посета на Република Полска, оствари средба со слависти и македонисти кои живеат и работат во Полска. На средбата, како што информираат од кабинетот на Пендаровски, тој бил информиран за нивните актуелни проекти и активности во насока на изучувањето, проучувањето и промоцијата на македонскиот јазик, литература […]

Ковачевски нема сознанија за аферата што ја отвори опозицијата


  Премиерот Димитар Ковачевски денеска изјави дека нема сознанија за аферата „Тајни имоти“ што ја отвори ВМРО-ДПМНЕ и ги повика сите што имаат индикации нив да ги достават до Антикорупциската комисија. „Секој функционер е должен сето што го има стекнато во текот на својот живот да го пријави во својот анкетен лист исто како што […]

(Галерија) Скопјани го видоа затемнувањето на Сонцето


Скопското астрономско друштво, денеска им овозможи на минувачите на плоштадот „Македонија“, безбедно и одблиску да го набљудуваат делумното затемнување на Сонцето. Во центарот на Скопје инсталираа моќен телескоп, преку кој скопјани го набљудуваа затемнувањето на Сонцето.  Од Македонија, денеска, по подолго време имавме можност да го видиме делумно затемнување на Сонцето. Кај нас, Месечината го […]

„Проѕирен човек“: Младите имаат високи технолошки познавања, но општествениот контекст им е ризик


Интервенција „Проѕирен човек“ за поголема медиумска писменост на младите Интервенцијата „Проѕирен човек“, поттикната од неизбежната нова реалност каде информациите на интернет се шират брзо и лесно има за цел да ги прикаже и добрите и лошите страни на интернетот. Интервенцијата што беше отворена денеска е во организација на Гете институтот во Скопје во соработка со […]

Бутел доби парк „Олимписки сон“ посветен на сребрениот медал на Георгиевски


Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, на официјалната Фејсбук страница, објави фотографии од новиот парк „Олимписки сон“. Имено, паркот како што истакна Костовски, е посветен на историскиот освоен сребрен медал на Дејан Георгиевски во таеквондо.

Јовески: Највисок приоритет за Јавното обвинителство е да обезбеди правда за граѓаните


Работниот договор за соработка со Европското јавно обвинителство што беше потпишан вчера е најдобар доказ за посветеноста со која Јавното обвинителство на Република Северна Македонија се стреми кон достигнување на европските стандарди во работењето, истакна државниот јавен обвинител Љубомир Јовески, честитајќи го 25 октомври – Европскиот ден на правдата. -За Јавното обвинителство претставува највисок приоритет […]

Сепак ќе се менуваат стрелките на часовникот викендов


Граѓаните овој викенд во ноќта меѓу 29 и 30 откомври повторно ќе треба да ги поместат стрелките на часовниците за еден час наназад. – Останува истото како и досега. Односно нема да има промена во системот на сметање на времето – вели Душко Арсовски портпаролот на владата додавајќи дека деталите ќе бидат споделени во соопштение […]

ДКСК ќе ѝ предложи на Владата да ја преиспита одлуката за управување со земјиштето кај автокампот Градиште


ДКСК ќе ѝ предложи на Владата да ја преиспита одлуката од 1997 година со која е овозможено со државно земјоделско земјиште кај охридско Градиште да управува АД „Горица“ и за тоа да добива приходи со изнајмување на просторот за камп-приколки. Во меѓувреме е  променета сопственичката структура т.е. компанијата е приватизирана,  но и натаму го користи […]

Јавен конкурс за млади луѓе на тема „Безбедност, солидарност и соработка“


Мисијата на ОБСЕ во Скопје во соработка со Агенцијата за млади и спорт и Националниот младински совет објавија конкурс на тема  „Што значи безбедноста, солидарноста и соработката за вас?” наменет за млади на возраст од 15 до 29 години. Учесниците на конкурсот  може да се изразат за она што најмногу ги засега на различни креативни […]

Три понуди на тендерот за надзор на изградбата на коридорите 8 и 10


 Три понуди се доставени на тендерот за избор на надзор на изградбата на автопатите Тетово-Гостивар, Гостивар-Кичево и Требениште – Струга- Ќафасан на Коридорот 8, како и Битола – Прилеп на Коридорот 10 Д, а чија изведба треба да ја изврши американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“. Понудите, што беа отворени денеска во Јавното претпријатие за државни […]