Муриќ: Никој нема да се јави на огласот за превоз во Скопје, Арсовска нѐ присилува да одиме преку фирма


Приватните превозници уште чекаат на средба со премиерот и повикуваат да се земат ингеренциите на градоначалничката Данела Арсовска, за да се реши проблемот со превозот во Скопје. 

По одговорот од Димитар Ковачевски дека е расположен за средба, но само ако ги одблокираат улиците, Кемал Муриќ вели дека може да седнат на маса додека тре протестот, а ако се исполнат нивните барања, ќе се тргнат од улиците.

Тие сакаат да продолжат да ги опслужуваат линиите на кои и досега возеа, но ако тоа не е законски, откако градоначалничката им ги раскина договорите на „Макесопрес“ и „Слобода превоз“, смета дека треба да се најде решение заедно и со централните и со локалните власти. 

Ако премиерот даде гаранции дека ќе се реши проблемот, веднаш би ги тргнале автобусите од „Илинденска“, пред канцелариите на Град Скопје.

Тој се обиде да разобличи како што рече, неколку лаги на градоначалничката Данела Арсовска: 
Таа рече дека долгот не постоел, „сме продавале билети, а парите завршувале во нашите џебови, а потоа не сме продавале, оти сме немале фискални каси“, а тоа не е точно, тврди Муриќ.

– Бројот на автобусите на приватните превозници не е 71, туку се 208 автобуси, кои стојат во евиденцијата на Секторот за сообраќај. Најавите дека секој превозник ќе може да се пријави на огласот, е лага, каде во огласот стои дека треба да конкурираат преку фирма. Исто лага е дека ќе може да се конкурира со „Еуро 4“ стандард, а тоа го нема во огласот. Кон кое претпријатие не турка градоначалничката, а ако им се забрани на „Слобода превоз“ и „Макекспрес“ учество“, прашува Муриќ.

Појасни дека сите превозници се едносгласни, да не учествуваат на тој оглас, а одлуката е донесена вчера.

Протестите немаат политичка заднина, затоа што тука има превозници погледи различни политички, различни религии и етникуми, вели Муриќ.

– Големата лага која треба да ја проверат институциите во ЈСП, е дека ЈСП имале 140 изправни автобуси, а сега имале 270. Се знае дека ЈСП одржува лини за кои му се потребни 241 автобус. Додека Данела лаже дека возниот ред се одржува на сите линии, сите знаеме дека возниот ред е на минимум и тоа спротивно на одлуката на Советот на Град Скопје – додава Муриќ.

Јавниот градски сообраќај е нарушен повеќе од две недели, откако приватните превозници се кренаа на протест поради неисплатен долг, по што им беа раскинати договорите.  Тие неколку дена блокираа крстосници во центарот на Скопје, а последните денови блокирана е само улицата „Илинденска“, покрај канцелариите на Град Скопје.

Од друга страна пак, градот Скопје, распиша јавен конкурс, на кој се бараат превозници само за линиите 20 и 22, додоека другите лини ги опслужуваат авотбуси на ЈСП, но проретчено.