Честитка за Денот на Републиката на Малта од почесниот конзул Кочо Анѓушев


Почесниот конзул на Малта во Република Северна Македонија, Кочо Анѓушев, испрати честитка по повод Денот на Републиката на Малта, со кој се одбележува промената на државното уредување на Малта од монархија како дел од Британската круна, во Република.

Во соопштението се подочува дека почесниот конзул Анѓушев упатил честитки до народот на Малта за храбрите државнички одлуки во минатото и за големите успеси во градење на републиката од страна на генерациите кои ја направија земјата дел од Европската Унија и една од најпросперитетните економии во Европа.

Почесниот конзулат на Малта, отворен во Скопје во 2021 година, меѓу другото презема и активности насочени кон засилување на економските врски меѓу стопанствата на двете држави.