Во општина Гостивар ќе се отвори „Центар на дијаспора“


  Градоначалникот на општина Гостивар Арбен Таравари денеска потпиша Договор со министерот без ресор задолжен за дијаспора Џемаил Чупи за отворање Канцеларија за соработка со дијаспората или „Центар на дијаспора“. Овие канцеларии, како што информира Општина Гостивар, се наменети да имаат посредничка улога и би служеле како центри каде нашата дијаспора ќе добие пристап до […]

Доброволното враќање на парите од д-р Софијанова не ја ослободува од одговорност, вели директорката на детската клиника


Доброволното враќање на неосновано стекнатите надоместоци на име дежурства од страна на екс директорката на Детската клиника, проф. д-р Аспазија Софијанова, не ја ослободува од одговорноста пред законот и надлежните институции, соопшти денеска в.д. директорката  на Универзитетската клиника за детски болести, проф. д-р Стојка Нацева Фуштиќ. Таа во соопштение до медиумите вели дека во врска со […]

Има понуда за Попова Шапка, инвестиција над 50 милиони евра


 Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини од тетовско Боговиње информираше дека државата добила сериозна понуда од странска компанија за инвестирање во развојот на скијачко рекреативниот центар Попова Шапка. Тој вели дека понудата поминала на Комисија за стратешки инвестиции, детали ќе се знаат кога ќе се разговара за тоа на седница на Владата наредната недела. -Оваа недела […]

Народен правобранител: Голем дел од учениците не знаат каде да пријават повреда на нивното право


 Голем дел од учениците не знаат каде да пријават повреда на нивното право, а најчесто училиштето го препознаваат како орган/институција каде што треба да се обратат –  покажува истражувањето на народниот правобранител во кое се содржани одговори од 1147 ученици од 14 средни училишта од Скопје на анонимен онлајн-прашалник. – На прашањето колку се охрабрени […]

Пенов-Ангелов: Целосно реализирани ИПА прекуграничните проекти помеѓу Северна Македонија и Бугарија


 Министерот за локална самоуправа Ристо Пенов оствари средба со амбасадорот на Бугарија, Ангел Ангелов. На состанокот се разговараше за соработката меѓу Министерството за локална самоуправа и Министерството за регионален развој и јавни работи на Република Бугарија, како и за перспективите на процесот на интегрирање на државата во Европската Унија, информира Министерството за локална самоуправа. Пенов […]

Собранието ги усвои измените на Законот за субвенциониран студентски оброк


Собранието денеска во рамки на продолжението на 91. седница со 58 гласа „за“ и со 21 „воздржан“, го донесе Законот за изменување на Законот за субвенциониран студентски оброк, што се носеше по скратена постапка. Со измените на Законот за субвенциониран студентски оброк се предвидува до 15 март идната година на секој студент во државата да […]

Поштенските пратки на ЕСМ ќе се доставуваат исклучиво преку националната Пошта


Преку АД Пошти ќе се одвива целиот поштенски сообраќај на АД ЕСМ и сите негови подружници во однос на испраќање, пренос и достава на поштенски пратки во внатрешен и меѓународен поштенски сообраќај за комуникација со деловни партнери, а особено во следниот период за испорака на фактури за парно греење до потрошувачите во градот Скопје. Тоа […]

Нуредини: Вложениот труд дава резултати – усвоен Законот за заем за финасирање на регионалниот проект за цврст отпад


На денешната 73. седница на Собранието усвоен е Предлог законот за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Европската банка за обнова и развој по Договорот за заем за финансирање на Регионалниот проект за цврст отпад. -Со изгласувањето на овој Закон ќе се пристапи кон потпишување на Договор со Европската банка за обнова и […]

Почна дистрибуцијата на новите учебници за основно образование


Министерството за образование и наука информира дека во текот на вчерашниот ден започна испораката на новите учебници за прво, второ, четврто и петто одделение во основното образование. До крајот на овој месец ќе биде завршена дистрибуцијата на 70% од учебниците за овие одделенија. Станува збор за целосно нови учебници, изработени согласно новите наставни програми и […]

Кривична за Ване Цветанов и Дунавка – нанеле штета на буџетот од илјадници евра


Единицата за финансиски криминал при Секторот за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција денеска поднесе кривична пријава против В.Ц. (44) од Кочани, поради постоење на основано сомнение дека од позиција на в.д. претседател на тело основано од Владата, во периодот од […]

Не треба да бидат редуцирани финансиските средства од додатоците на здравствените работници, смета Сали


 Здравствените работници ја заслужуваат целата наша почит и во ниеден случај не треба да бидат редуцирани финансиските средства од нивните додатоци, како што се надоместоците за дежурства и ноќен труд, смета министерот за здравство Беким Сали. Од Министерството за здравство соопштија дека нивен став и став на Владата е дека не се планира воведување проекти за […]

Црвенковска: Правдата не смее да познава дискриминација и предрасуди ако сакаме судство со доверба


 Европските вредности не препознаваат дискриминација според родовата припадност, а неопходно е ние да ги следиме процесите и да учествуваме во креирањето на рамноправно општество кое нуди еднакви можности за сите и кое ги вклучува жените како идентичен фактор во креирањето иднина на државата, истакна претседателката на Судскиот совет, Павлина Црвенковска, при промоцијата на публикацијата на […]

Од утре влажен бран и дождови со променлив интензитет


 Подрачјето на нашата земја за време на викендот и во почетокот на следната седмица ќе биде под влијание на серија влажни бранови. Времето ќе биде променливо облачно, наместа со врнежи од дожд со променлив интензитет, најавуваат од УХМР.  Утре ќе биде релативно топло со сончеви периоди, а в недела и понеделник врнежи ќе има на […]

ДЗР: АМС не распределувала праведна финансиска поддршка на федерациите


Агенцијата за млади и спорт (АМС) да воспостави соодветни критериуми за распределба на средствата од нејзините програми до националните спортски федерации (НСФ) и спортистите, како и ефикасни интерни контроли на трансферираните средства кон НСФ, се дел од клучните препораки во ревизорскиот извештај што го објави денеска Државниот завод за ревизија (ДЗР). Извештајот на ДЗР е […]

Фатиме Фетаи се откажа – не сака да биде шефица на Вишото обвинителство


  Нешто се променило во последен момент. Познатата обвинителката Фатиме Фетаи се повлекла од трката за шеф на Вишо јавно обвинителство во Скопје. Во Советот на јавните обвинители примиле и-мејл од неа со известување за повлекување на кандидатурата. Претседателот на Советот, Антонио Јолевски, како што јавија повеќе медиуми, сакал лично да се слушне со Фетаи […]

Поради дефект, дел од населбата Ѓорче Петров без вода


Поради дефект ф-150 милиметри на улива 20/2 во Сарај, денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од населбата Ѓорче Петров. Од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информираат дека водоснабдувањето ќе биде прекинато од 11 часот, па до санација на дефектот. 

Австралија објави кој бил првиот Македонец што дошол во Перт


Владата на Западна Австралија објави дека првиот Македонец што пристигнал во Перт бил Борис Шмагранов во 1908 година, а многу други наскоро  му се придружиле по Првата светска војна. Оваа информација беше објавена по средбата со македонската амбасадорка Билјана Стефановска-Сековска. Притоа беше оценето дека Западна Австралија е дом на најголемата македонска заедница во Австралија и […]

НАкС: Само ректорите ќе се „офајдат“ од новиот Закон за високо образование


Независниот академски синдикат (НАкС) соопшти дека со загриженост ги следи најавите за измена и дополнување на Законот за високото образование од 2018-та кој, како што наведува, беше донесен со широк консензус и неговата содржина беше предмет на длабоки консултации со сите чинители. Иако неговата имплементација во одредени сегменти тече бавно, телата со клучни ингеренции се […]

Зелен хуман град бара да го демантираат со факти за дивоградбите


Зелен хуман град реагираше на одговорот на Министерството за транспорт и врски на нивните обвинувања дека преку измени во регулативата за фотоволтаици се обидуваат да легализираат дивоградби. Оценувајќи дека Министерството за транспорт и врски ја потценува интелигенцијата на јавноста бара демантот што им го упатува да се базира на факти бидејќи тие не се политичка […]

Предлог-законот за субвенциониран студентски оброк на собраниска седница


Предлог на закон за изменување на Законот за субвенциониран студентски оброк, по скратена постапка, е на дневен ред на продолжението на 91. седница на Собранието на Северна Македонија. Со Предлог-законот за изменување на Законот за субвенциониран студентски оброк се предвидува до 15 март идната година на секој студент во државата да му се исплаќаат по […]