Повторно одложен изборот на шефови на вишите јавни обвинителства во Скопје и Гостивар


  Советот за јавни обвинители на продолжението на 70-тата седница, денеска поради немање кворум за избор на нови шефови на две виши и пет основни јавни обвинителства именуваше вршители на должноста до создавање на услови за избор. Претседателот на Советот на јавни обвинители, Антонио Јолевски, на почетокот на денешната седница појасни дека поради отсуство Љубомир […]

Управниот одбор на ЈСП СКОПЈЕ со тужба против В.Д. Директорот на ЈСП Скопје


Дел од членовите на Управниот одбор на ЈСП Скопје поднесоа тужба до Основниот граѓански суд Скопје против В.Д. Директорот на ЈСП Скопје Александар Стојковски и Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ за јавно изречена навреда и клевета.  На 20.10.2022 год. по налог на В.Д. Директорот на ЈСП на официјалната веб страна и на фејсбук страната на ЈСП […]

Во тек средба меѓу претставници на „Слобода превоз“ и Град Скопје


Во тек е средбата меѓу претставници на приватниот превозник „Слобода превоз“ и претставници на Град Скопје. Приватните автобуси на „Слобода превоз“ на линиите 9, 12, 22, 23 и 45 денеска не возат поради немање пари за нафта затоа што ЈСП „Скопје“ односно Град Скопје не им го исплатил долгот. – Со крајни напори ќе се […]

Сообраќаен метеж низ Скопје, приватните автобуси не возат, а раскопани се главни сообраќајници


  Сообраќаен метеж утринава има на повеќе сообраќајници низ Скопје. Приватните автобуси на „Слобода превоз“ не возат, а дополнително гужва прават почнатите реконструкции на неколку главни сообраќајници низ градот, поради што сообраќајот се одвива по една или две ленти. Жителите на главниот град не можеа да стигнат на своите работни места за еден час. Автобусите […]

Делови од Ѓорче денеска пет часа без струја, дел од Аеродром два часа


Од ЕВН Македонија АД добивме известување дека на ден 21.11.2022 година ( понеделник ) без електрична енергија ќе останат: – во периодот од 9 до 15 часот, дел од корисниците од ул. „Виа Игнатиа“. ( општина Ѓорче Петров ) – во периодот од 10 до 12 часот, дел од корисниците од ул. „Благој Мучето“. ( […]

ЈСП ги презеде линиите на „Слобода превоз“


Автобуси на ЈСП Скопје на линиите 9, 12, 22, 23 и 45 сообраќаат редовно и без задоцнување.  „Приватниот превозник „Слобода превоз“ има обврска да ги почитува договорените обврски од јавен интерес. Во последниот месец се оценува квалитетот на работењето на приватнитте превозници согласно индикаторите за квалитет на работењето (редовност, хигиена, валидација на билети) поради се […]

Утрово температурите над нулата, најмногу дожд на Попова Шапка


Утрово во земјава се измерени температури над нулата и тоа еден степен на Попова Шапка, 3 во Лазарополе, 4 Маврови Анови, 5 Крушево, 7 Претор, 8 Скопје-Зајчев Рид, Тетово, Охрид, Битола, Дебар, Куманово, 9 Крива Паланка, Прилеп, Берово, 10 Скопје-Петровец, 12 Демир Капија, Виница, Струмица, Гевгелија, Дојран и 14 степени во Штип. Во изминатите 24 […]

Сообраќајот непречено, по влажни коловози


  Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Од 15.11.2022 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на […]

„Децата го преземаат теренот“ – детски фудбалски натпревар во организација на УНИЦЕФ и ФФМ


Фудбалски натпревар на деца организираат денеска УНИЦЕФ и Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) по повод Светскиот ден на детето – 20 Ноември. Натпреварот е насловен „Децата го преземаат теренот“ и ќе се одржи во малата сала на спортскиот центар „Борис Трајковски“ од 12.30 до 14.00 часот, каде што ќе играат деца, професионални фудбалери од националната […]

Променливо облачно со повремен дожд


  Времето денеска ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд. Во утринските часови во источните делови локално ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Попладне на повеќе места ќе има сончеви периоди. Ќе дува умерен, наместа засилен ветер од западен и северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до […]

Во Македонија има 327 згрижувачки семејства, во тек е кампања за нивно зголемување


Во државава моментно има 327 згрижувачки семејства во кои се сместени вкупно 559 корисници, вели министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска. Министерката во емисијата Фокус на Телевизијата Гура од Кичево зборуваше за згрижувањето и подигањето на свеста за значењето на згрижувачките семејства и нивната улога во општеството. Рече дека е во тек кампањата […]

Од утре и автобусите на „Слобода превоз“ нема да возат


Скопјани утре треба да се снајдат како ќе стигнат на работа, затоа што  проватниот превозник „Слобода превоз“ почнува со штрајк и десет линии со кои тие оперираат нема да возат по градските улици. Причина за овој штрајк е лошата финансиска состојба на сопствениците на автобусите, бидејќи со месеци се без плата, а ЈСП не го […]

Народниот правобранител бара да се реши проблемот со правно „невидливите“ деца


Значително е подобрена свеста за правата на децата и се преземени мерки за нивна заштита. Но, тоа не е доволно, Конвенцијата за правата на детето не обврзува безусловно да овозможиме подобар свет за секое дете, услови за нормален развој и егзистенција, непречено остварување на правото на образование, највисоко ниво на здравствена заштита, социјална помош и […]

Патиштата влажни, АМСМ препорачува внимателно возење


Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Интензитетот на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата […]

И со осум милијарди население, две третини од земјите се соочуваат со демографска криза


Напредокот во здравствената заштита и грижа, зголемената покриеност и подобрениот квалитет на услугите, следствено зголемениот просечен животен век и намалувањето на глобалната сиромаштија овозможи светското население да достигне осум милијарди. Сепак напредокот, не ги засегна сите подеднакво –  постојат огромни разлики во пристапот до правата и квалитетните услуги, можностите за раст и развој и квалитетот на […]

„Гурмански викенд“ во Кавадарци


  Винскиот музеј Кавадарци оваа година за прв пат организира „Гурмански викенд“. На настанот се дегустираат храна и пијалаци од тиквешкото поднебје. „По повод месецот на младо вино и традиционалното одбележување на производството на вино, Вински музеј за регион Тиквеш – Кавадарци, организира настан – ‘Гурмански викенд – Виното нераскинлив дел од традицијата’. Посетителите можат […]

Животот и делото на Ченто преку фотографии претставени во Охрид


Животот и делото на првиот претседател на президиумот на АСНОМ, Методија Андонов – Ченто прикажан низ 250 фотографии со кратки информации за 150 настани беше изложен денеска во Спомен-куќата на Христо Узунов во Охрид. Изложбата насловена „Ченто – биографија низ фотографија“ на Рубинчо Белчески ја отворија директорите на Охридскиот и Прилепскиот музеј, Катерина Велкоска и […]

Студентските домови што се во лоша состојба во 2023 ќе бидат вклучени во планот за инвестиции


Дел од студентските домови се наоѓаат во добра состојба. Сепак, со министерот за образование Јетон Шаќири разговаравме за тоа оние студентски домови што се во лоша состојба, во текот на 2023 година да бидат вклучени во планот за инвестиции, што ќе опфаќа комплетно реновирање на санитарните чворови, и на се она што е потребно да […]

Амбасада на САД: Збунети сме од изборот на Абази, граѓаните заслужуваат независно судство 


Американската амбасадорка Анџела Агелер го критикуваше изборот на новиот шеф на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција. Во писмен одговор на прашања за редакцијата на „360 степени“ да даде став за целиот процес, таа изразува отворено незадоволство од начинот на кој Ислам Абази стана шеф на обвинителството што треба да ја предводи […]

МОН: Се доделуваат 3.000 стипендии за студентите, три нови категории на стипендии


На интернет-страницата на Министерството за образование и наука www.mon.gov.mk објавен е конкурсот за доделување на студентски стипендии за академската 2022-2023 година. Предвидено е да бидат доделени вкупно 3.000 стипендии, а годинава се воведени и три нови категории, кои се резултат на информациите за недостиг на кадар во одредени области. Како што соопшти МОН, прв пат ќе се доделат […]