Претпладне магла,преку ден променливо облачно 


Фото: Б. Грданоски

Времето ќе биде променливо облачно, по одделни котлини, особено вдолж Повардарието со појава на магла или ниска облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од западен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 14 степени.

Во Скопје претпладне со појава на магла или ниска облачност, преку денот променливо облачно и магливо. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 10 степени.

Продолжува периодот на стабилно и претежно тивко време со релативно високи дневни температури. По котлините ќе има појава на магла или ниска облачност со променлив интензитет и пониски дневни температури. Особено топло ќе биде на повисоките места за време на викендот и во почетокот на следната седмица.

За време на новогодишната ноќ времето ќе биде претежно ведро и тивко, а по котлините ќе има појава на магла или ниска облачност.