Магла на Ѓавато, на граничните премини нема подолги задржувања


Фото: Б. Грданоски

На планинскиот премин Ѓавато утринава има магла поради што видливоста е намалена на 100 метри, соопшти Авто мото сојузот на Македонија.

На останатите патни правци низ државата, сообраќајот се одвива непречено по претежно суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна, утринава нема подолги задржувања за влез и излез од државата.