Без вода дел од улица „Цветан Димов“


Поради уличен дефект ф-2“ на улица „Цветан Димов“ 117, денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од оваа улица. Од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информираат дека водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот, па до завршување на санацијата на дефектот. 

Време е за „Black friday“ во Скопје Сити мол!


На 25 ноември (петок) во Skopje City Mall започнува Black Friday шопинг лудилото! Skopje City Mall нека биде местото кое сите вие љубителите на шопингот сигурно нема да го одминете. Од 10:00 часот продавниците на омилениот трговски центар ќе обезбедат специјални попусти за сите купувачи во рамките на акцијата Black Friday. Модните продавници, како и […]

Анкета: Една третина од граѓаните сакаат да се запре евроинтеграцијата


Се зголемува резервираноста на македонските граѓани кон евроинтеграциите како резултат на условите кои Бугарија ги поставува за членството на Македонија во ЕУ. Една третина од испитаниците во истражувањето на МКД.мк кое го спроведе агенцијата Маркет вижн, не гледаат перспектива во интеграцијата со ЕУ. Речиси половина од испитаниците сметаат дека не треба да сео прифатат условите […]

Скопје и денес без дел од приватните автобуси


И денеска не сообраќаат дел од приватните автобуси. Автобусите на „Слобода превоз“, на линиите 9, 12, 22, 23 и 45 повторно не возат поради немање пари за нафта затоа што ЈСП „Скопје“, односно Град Скопје, не им го исплатил долгот. Граѓаните синоќа  мрзнеа чекајќи автобуси на јавниот превоз во Скопје. Истовремено, градоначалничката Данела Арсовска, по […]

Променливо облачно и дождливо време


  Времето денеска ќе биде променливо облачно со умерен, а во источните делови и долж Повардарието засилен, повремено силен ветер од југоисточен правец (70 км/ч.), најавуваат од УХМР. Попладне и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, пообилни во западните делови (над 20л/м2). На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Минималната температура […]

Граѓаните мрзнат чекајќи автобуси, Арсовска порача да се протестира пред СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ


Граѓаните вечерва мрзнат чекајќи автобуси на јавниот превоз во Скопје, кои никој не знае кога ќе дојдат бидејќи информациите на светлечките табли се целосно погрешни. Истовремено, градоначалничката Данела Арсовска, по неуспешната средба со „Слободен превоз“, една од компаниите која учествува во јавниот превоз во метрополота, порача дека незадоволството превозниците треба да го искажат пред седиштата […]

Суспендирани двајца во АНБ за случајот со Онишченко


Началничка во секторот за стратешка соработка со НАТО службите во АНБ и вработен во истиот сектор засега се единствени виновници на кои им се подготвува суспензија, тврдат за Телма добро информирани извори. Низ нивни раце поминала безбедносната проверка на контроверзниот Олександр Онишченко кој  со обвиненија за корупција и противуставни дејности успешно ја минал контролата на […]

Општина Карпош: Дел од улица „Прашка“ станува еднонасочна


Започнувајќи од денеска, учесниците во сообраќајот ќе мора да се прилагодат кон новиот сообраќаен режим кој ќе важи на потегот од почеток на ул. Прашка до ул. „Дамаска“, информираат од Општина Карпош. Станува збор за пренасочување на досега двонасочниот сообраќаен режим во еднонасочен. -По тој повод, деновиве беше обележана нова хоризонтална сигнализација, а денеска по […]

Патриција Ди Џовани: Да ги почитуваме правата на децата, да имаат квалитетно и инклузивно образование


Секое дете има право на еднаков пристап до квалитетно образование. Потребно е да ја избегнеме дискриминацијата и да создадеме инклузивен свет за секое дете, рече денеска во своето обраќање претставничката на УНИЦЕФ, Патриција Ди Џовани по повод Светскиот ден на детето, што се одбележа под мотото „Кога се работи за детските права, сите сме еден […]

Македонскиот либерализам е во исчезнување, вели Сашо Орданоски


  Во Македонија, кога се ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во прашање, во принцип и во „нормални“ демократски времиња, на власт на избори доаѓа онаа партија која ќе успее да се обрати кон 150-200 илјади гласачи кои не се нивни партиски членови. Тоа се луѓе со релативно подобро образование и подобар социјален и професионален статус од просекот, […]

Нема договор меѓу „Слобода превоз“ и Град Скопје, Градот нема пари


Нема договор помеѓу приватниот градски автобуски превозник „Слобода превоз“ и Град Скопје поради немање средства за исплата. Директорот на претпријатието, Ленин Јовановски, најави дека тие линии кои не сообраќаа денеска нема да сообраќаат и утре, а за другите линии ќе се одлучи по средбата со превозниците. – Иако состанокот беше напорен и траеше толку долго […]

Фетаи не потврдила писмено дека се повлекува од трката за шеф на Вишото јавно обвинителство


 Советот на јавни обвинители сè уште не добил на писмено потврда од обвинителката Фатиме Фетаи дека ја повлекува својата кандидатура за шеф на Вишото јавно обвинителство – Скопје. Таа во телефонски разговор со претседателот на Советот на јавни обвинители, Антонио Јолевски, го информирала дека е во странство и се враќа во среда. Одговарајќи на новинарски […]

Вежби на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ во Охрид


Полициски службеници од Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ при Министерството за внатрешни работи, денеска на стрелиштето „Бејбубар“ во Охрид ќе имаат боево гаѓање. Единицата, како што оопшти СВР Охрид, утре ќе реализира тактичко – показна вежба кај комплексот „Инекс“. В четврток и петок единицата „Тигар“, ќе ги спроведе завршните плански активности кај каналот „Студенчишта“. – Се […]

Нов ехо апарат на Одделот за педијатрија во битолската болница, донација од Јапонската амбасада


Одделот за педијатрија при ЈЗУ Клиничка болница „Д-р Трифун Пановски“ Битола денеска доби ехо апарат, донација од Јапонската амбасада, во вкупен износ од 52.779 евра. Јапонскиот амбасадор Савада Хиронори денеска присуствуваше на церемонијата за комплетирање на GGP-проект во битолската болница. Церемонијата, како што соопшти Јапонската Амбасада, беше организирана од страна на градоначалникот на Битола Тони […]

Без вода делови од Ченто


Прекинато водоснабдување денеска од 12:45 часот имаат корисниците од улицата „Христофор Жефаровиќ“ во населбата Ченто, соопшти ЈП „Водовод и канализација“- Скопје. Причина за прекинот на водоснабдувањето, како што информираат од претпријатието, е дефект на затворач на улица „Христофор Жефаровиќ“ број 7 и ќе трае до завршување со санација на дефектот.

Кривична пријава против управители во очната болница European eye hospital


 Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против две лица во својство на управители на приватната здравствена установа Специјална очна болница European eye hospital во  Скопје. Пријавените лица, во период од 2011 до 2020 година ја злоупотребиле својата службена положбa, на начин што, набавиле повеќе видови медицински средства од сомнително […]

Владата ќе помогне големите проекти на Град Скопје да се завршат


Kклучката на Момин поток – огромен проект кој е во застој, патот до Визбегово исклучително важна сообраќајница што треба да ја поврзи индустриската зона Визбегово, но и Чучер Сандево, подвозниот под зградите на „Лимак“  кој е скоро готов, а обврска на Градот Скопје е да ги направи кружните текови кај Нова Македонија, Владата ќе помогне […]

„Студентски отпор“ барат зголемување на средствата за студентите во Предлог-буџетот за 2023


„Студентски отпор“ упатува апел до сите пратенички групи во Собранието денеска како последен ден од рокот за поднесување на амандмани на Буџетот за 2023 година да се излезе во пресрет на студентите и да се зголемат средствата што ги предвиделе од Министерството за образование и наука (МОН). – Имено во предлог-буџетот за 2023 година, забележуваме […]

АСО додели награди и пофалници на ученици по повод деновите на финансиска писменост


Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) награди девет ученици и издаде пофалници на уште 27 основци и средношколци кои креираа цртежи, есеи и песни на теми поврзани со значењето на осигурувањето. Со овој настан АСО ги започна активностите по повод седмицата на финансиска писменост, а воедно успешно го реализираше јубилејниот односно десети по ред Конкурс […]