Филипче, на Нова година, дежурен на неврохирургија


Филипче: Б. Грданоски
Поранешниот министер за здравство Венко Филипче, вечерва е дежурен на неврохирургија, а со тимот дежурни лекари и друг медицински персонал ја честитаа Новата година на граѓаните. 
 
– Дежурната екипа на Клиниката за неврохирургија е подготвена за работа. Посакувам, ние здравствените работници, вечерва да имаме што помалку работа. Бидете весели, насмеани и среќни, но славете мирно и безбедно.
Во новата 2023 година да влеземе со многу оптимизам, свесни дека со заеднички труд и посветеност ќе може да ги реализираме сите важни прашања за нашата земја.
Среќна Нова Година! – напиша Филипче на Фејсбук.