Мицкоски: Новата 2023 година нека биде година на промени


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски упати честитка до граѓаните по повод новогодишните празници.

Во честитката, Мицкоски ја оценува 2022 година како година на неспособна власт, сиромаштија, енергетска криза, година во која се тргувало со националното достоинство.

– Македонија е нашиот заеднички дом, да покажеме заеднички патриотизам. Да не губиме време, да ја завршиме работата, народот да има повеќе пари, власта да има повеќе одговорност. Власта треба да се врати кај народот. Време е. Да создадеме иднина во која веруваме. Иднина која ја заслужуваме. Силно верувам во Вас, верувајте и Вие во себе, вели Мицкоски.

2023-та година, додава Мицкоски, ќе биде година во која промените ќе ја доживеат својата полна сила. – Ќе има многу проекти, поголеми број на помали и една голема победа. Ќе биде подобро. Доаѓаат подобри времиња, посочува Мицкоски во новогодишната честитка до граѓаните.