Ведро и тивко за новогодишната ноќ


Фото: Б. Грданоски

За време на новогодишната ноќ, времето ќе биде претежно ведро и тивко, а по котлините ќе има појава на магла или ниска облачност.

Синоптичарите најавуваат период на стабилно и претежно тивко време со релативно високи дневни температури. По котлините, вклучувајќи ја и Скопската, и понатаму ќе има појава на магла и ниска облачност со променлив интензитет, особено во ноќните и претпладневните часови, како и пониски дневни температури.

Во среда ќе дува умерен северозападен ветер, што ќе ги намали условите за магла.