Лажна пријава за наводно поставена бомба во Пошта на Северна Македонија


Фото: Б. Грданоски

Министерството за внатрешни работи (МВР) извести дека, по добиената порака на електронската адреса во објект на Пошта на Северна Македонија во Скопје за поставена експлозивна направа, е утврдено дека станува збор за лажна пријава.

По добиената пријава полициски службеници преземале мерки за безбедно евакуирање на вработените и присутните граѓани, а извршиле и детални антитерористички проверки при што било утврдено дека станува збор за лажна пријава.